Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕКСПЕРТИ: Падот на просечната плата може да има длабоки импликации врз животниот стандард и економската стабилност на граѓаните

0
By Marija Todorovska on September 24, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во време кога граѓаните очекуваа да има намалување на цените, се случува токму спротивното – намалување на платите, и секако дека ова ќе подразбира помалку пари во џебот на граѓаните.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар. Или за 1.000 денари помалку од платата во месец јуни кога изнесуваше 41.939 денари.

Дестан Јонузи

Падот на просечната плата од 1.000 денари во месец јули, според официјалните податоци, иако можеби не изгледа значајно на прв поглед, може да има длабоки импликации врз животниот стандард и економската стабилност на граѓаните, вели за „Фронтлајн“ Абил Бауш – универзитетски професор и економски аналитичар.

Според него, овој тренд сигнализира дека многу домаќинства ќе се соочат со потешкотии во задоволување на основните потреби како што се храна, сметки и основни услуги, бидејќи падот на платата директно влијае врз нивната куповна моќ.

Проф. Абил Бауш. Фото: Скриншот

– Тоа, исто така, укажува на пошироки економски предизвици како зголемената инфлација, која го намалува реалниот доход на граѓаните, или можеби неефикасни економски мерки кои не успеале да го стабилизираат пазарот на труд. Во вакви услови, секоја намалена парична сума ги засилува негативните ефекти на инфлацијата, бидејќи додека цените на основните потреби растат, доходите на граѓаните се намалуваат, создавајќи простор за продлабочување на нееднаквоста и сиромаштијата, вели Бауш во изјава за „Фронтлајн“.

Дополнително, додава нашиот соговорник, овој тренд би можел да влијае и на довербата на работната сила и да предизвика демотивација кај вработените, што долгорочно може да го успори економскиот раст, бидејќи намалениот стандард на вработените значи и помала продуктивност.

– Одговорноста за управување со ваквите ситуации е во рацете на Владата, која мора да размисли за итни мерки што ќе ги заштитат најранливите категории на граѓани. Тоа може да вклучува субвенции, зголемени социјални трансфери или поддршка за одржување на платите во високи инфлаторни периоди, како и стимулирање на капитални инвестиции кои долгорочно ќе доведат до зголемување на доходите и создавање нови работни места, подвлече тој.

Економскиот аналитичар Арбен Халили вели дека реално малку е неочекувано во пост-изборен период да има намалување на минималната плата.

Арбен Халили. Фото: РСЕ

– Во време кога граѓаните очекуваа да има намалување на цените, се случува токму спротивното – намалување на платите, и секако дека ова ќе подразбира помалку пари во џебот на граѓаните. Најнекоректен е фактот што имаме недоследност на политиките кои се спроведуваат во моментот, токму од економски и социјален аспект. Од една страна имаме замрзнување на маржата на одредени прехранбени производи, со намера дека временски ќе се заштитуваат граѓаните од високи цени на прехранбените производи, а од друга страна токму во ист временски период, самата влада им зема од џеб на граѓаните по 1.000 денари со намалување на просечната плата, изјави Халили за „Фронтлајн“.

Тој вели дека ако овој тренд продолжува и во следните месеци до крај на годината, се добива перцепцијата дека замрзувањето на маржата за одредени производи било само ад хок мерка за замаглување на негативните реакции од намалување на просечната плата.

– Сепак сакам да верувам дека следниот статистички извештај ќе биде по позитивен и дека трендот на зголемување на просечната плата ќе продолжи, но од економски гледна точка, ако од една страна вие замрзнувате маржа која има директно влијание врз функционалноста на бизнис заедницата, не може истата мерка да влијае позитивно во подобрување на животниот стандард на граѓаните, потенцира економскиот аналитичар.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар. Или за 1.000 денари помалку од платата во месец јуни кога изнесуваше 41.939 денари.

Дестан Јонузи

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.