Бејрут: Околу полноќ, Израел изврши напад врз подземен бункер во јужните предградија на главниот либавски град каде што се одржуваше состанок на кој присуствуваше можниот нов лидер на Хезболах, Хашем Сафиедин, со други високи претставници на либанската милитантна група, објави Њујорк Тајмс повикувајќи се на тројца неименувани израелски официјални лица.
Не е познато дали Сафиедин бил повреден во израелскиот напад. Израелските власти претходно изјавија за американскиот весник дека Сафиедин бил еден од ретките високи лидери на Хезболах кој не бил присутен на местото што Израел го нападна минатиот петок, кога Насрала беше убиен.