Милиони луѓе на Куба останаа без електрична енергија кога денеска повторно падна националната електрична мрежа, соопшти Министерството за енергетика и рударство.
Прекинот на струја е голем проблем на островот, каде што жителите веќе се соочуваат со недостиг од храна, гориво, вода и лекови, пренесува Ројтерс.
Министерството за енергетика и рударство на земјата соопшти дека електраната Антонио Гитерас, најголемиот производител на електрична енергија во земјата, во Матанзас, престанала да работи околу два часот по полноќ по локално време, што предизвикало колапс на мрежата низ островот.