НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ерик Налдер: Демократијата е во криза

0
By Сашка Цветковска on September 1, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ерик Налдер е една од американските и светски легенди во истражувачкото новинарство. Добитник е на две пулицерови награди за неговите истражувања од областа на корупцијата во политиката и големите корпорации, уште еднаш бил финалист за Пулицеровата награда, а во својата богата кариера има добиено многу други признанија за неговара исклучителна работа во сферата на истражувачкото новинарство. Ерик Налдер го сретнавме во Блед, Словенија каде што своите искуства ги сподели со балканските новинари на летната школа за истражувачкото новинарство во организација на Балканската истражувачка мрежа (БИРН). Неговите размислувања за настаните кои ја окупираат светската јавност, од Сноуден од Сирија ги сподели со Сашка Цветковска.

Цветковска: Споменавте дека дошепнувачите биле многу пати клучни во вашата работа со информациите со кои ви приоѓале за време на вашите истражувања. Сега ги имаме познатите случаи со дошепнувачите, како Сноуден, Менинг итн. Што мислите за острината на реакцијата кон овие луѓе од страна на владата на САД, па дури и европските влади кои се покажаа кооперативни со САД во гонењето на дошепнувачите?

Налдер: Нели е интересен фактот дека Сноуден мораше да оди во Русија за да избега од САД само затоа што изнесе информации за една многу важна приказна?! Мислам дека е многу храбро луѓето да излезат во јавноста со вакви информации. Можете да откриете дека оние кои ги изнесуваат овие информации имаат разни мотиви, можеби се бесни на својот шеф, можеби имаат политички мотиви различни од оние на другите, можат да имаат секакви причини. Вие треба да го знаете мотивот на дошепнувачот, но она што е многу многу поважно е документот сам по себе.

-Знаете, американската влада класифицира како тајни премногу работи, веројатно илјада пати повеќе од потребното. И многу од овие работи се класифицираат како тајни затоа што американската влада се труди да спречи да биде посрамотена или затоа што владата, директорите на тајните служби и војската не сакаат нивните грешки да бидат изложени пред јавноста.

И тогаш земаат и класифицираат нешто за јавноста да не може да го види. Тоа ми се случи и мене при едно истражување за прекршување на безбедносните протоколи во една програма за нуклеарно оружје. Тоа се случуваше се додека не дојдовме до документите кои беа класифицирани, кога дојдовме до нив, мораа да ја затворат програмата затоа што она што го правеа покажуваше дека овие документи никогаш не требало да бидат класифицирани како тајни.

Така што исто е и со Сноуден. Без разлика какви му биле личните ставови и мотиви, мене не ми е грижа – тој пред јавноста изнесе многу важна информација за тоа како американската влада ги следи комуникациите на луѓето од целиот свет. Тоа стана огромна приказна која предизвика разни дискусии во Белата куќа, Конгресот. По дефиниција, ако оној кој ги изнесува документите предизвика таква дискусија и открие таква работа, тогаш таа личност е дошепнувач, а не криминалец.

Цветковска: Но, гледаме дека засега дошепнувачите се единствените кои трпат последици. Менинг беше осуден на 35 години затвор, Сноуден е во бегство, а во меѓувреме не сме слушнале дека некој од институциите превземал некаква одговорност. Зошто?

Налдер: Бредли Менинг изнесе многу документи и не беше многу селективен, а веројатно требаше да биде. Изнесе многу срамни детали за лидерите во светот кои што документи покажаа многу сериозни проблеми во врска со Ирак и американската војска. И сето ова е важно. А не видов дека е измачуван било кој од луѓето кои направиле грешка како што покажаа овие документи.

Цветковска: Во последно време гледаме повеќе вакви случаи. Дали може да заклучиме дека криејќи се зад превезот на безбедносните прашања и тероризмот западните влади кои проповодаат демократија почнуваат да дивеат штитејќи непринципиелни политики кои се надвор од секаква идеја за заштита и промоција на човековите права?

Налдер: Па, да. Видете имаме криза на демократијата, ја имамаме таа криза и во моментов, со информациите кои лидерите без разлика дали се во владите или во бизнисот ги кријат од јавноста. И оваа пракса не е нова, ова јас го гледам 43 години колку што сум бил во новинарството. Сетете се на администрацијата на Никсон…

Цветковска: Но тој беше казнет…

Налдер: Да, тие беа казнети дури откако беа фатени од страна на новинарите со помош на дошепнувачи и беа изложени пред јавноста. Велам, кризата не е нова, но засилено продолжува. И за време на војната во Виетнам протекоа многу документи и луѓето не беа казнети за погрешните работи кои ги правеле. За време на администрацијата на Реган имаше скандал со оружјето во Иран и не се направи многу во врска со тоа и тоа е многу слично со ова што се случува денес. Но, секако, само затоа што не е новост, не значи дека е во ред. Всушност, многу е сериозно.

Цветковска: Кога сме кај војните и оружјата, се чини дека Сирија е центарот на светот деновиве и се чини дека САД и западните сили имаат силна намера да превземат акција и да влезат во Сирија. Од друга страна, Вие, како син на дипломат добар дел од детството и младоста ги имате поминато токму во земјите од Блискиот исток. Оттука, кои се вашите размислувања во врска плановите за воена итервенција во Сирија?

Налдер: Како дете живеев во Сирија. И гледајќи на ова низ мојата лична перспектива, секој пат кога се обидувате да влезете во некоја земја од истокот, ќе западнете во една многу хаотичина ситуација. Иако сум новинар и сум живеел во дел од овие земји, сепак зборувам како аматер, и ќе ви речам дека политиките во овие држави, во Сирија се исто така хаотични и многу е тешко да се утврди која страна работела погрешно и кој какви мотиви имал. Слично е и во другите држави, сум живеел и во Афганистан и ако се подготвувате да влезете во некоја од овие земји тогаш мора да разберете дека нема ништо едноставно во врска со нив, ништо црно-бело.

Цветковска: Неколку пати додека разговаравме споменавте дека балканските новинари се навистина храбри и дека нашата работа е многу потешка споредена со вашата имајќи ги во предвид земјите кои кои работиме. Зошто?

Налдер: Искуствата на новинарите од Македонија, Црна Гора, Косово ми говорат дека да се работи овде е навистина опасно и имате големи тешкотии кои ние во САД не сме ги искусиле. Да, и јас сум имал закани, но тешко е во САД да му наштетите на некој новинар. Но, се чини дека на балканските земји е многу полесно. Постои една пресилна бариера помеѓу владите на Балканот и новинарите.

Има премногу големи ѕидови, премногу притисоци, премногу одбивања и нетранспарентност за новинарите да добијат информации и да си ја работат својата работа , односно да и покажат на јавноста што навистина се случува. А верувајте ми, се чини дека овде јавноста навистина мора да знае што точно се случува. И мора да знае дека секој ден нивните животи се на некаков ризик.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.