Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: најмногу корупција во тендерите

0
By Светлана Јовановска on February 3, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Корупцијата ја урива довербата на граѓаните во нивните демократски институции и правната држава, штетна e за економијата и им одзема на јавните власти даноци кои им се потребни. Секоја година корупцијата и одзема на европската економија 120 милијарди евра.

Ова е наодот на извештајот на Европската комисија (ЕК) за феноменот на корупцијата во сите 28 земји членки на ЕУ.

Според комесарката за правда Сесија Малстром “земјите членки направиле многу во последните години за борба против корупцијата но извештајот покажува дека напорите не се воопшто доволни”, рече таа на прес конференција во Брисел.

Овој извештај е прв од ваков вид. Тој не прави топ листа на земјите според степенот на корупција но ги набљудува најзначајните пропусти во борбата против овој феномен.

Така, извештајот констатира дека внатрешните контроли на процедурите во јавната администрација не се доволно добри а правилата за конфликт на интереси се разликуваат од една до друга земја исто како и казните и судските постапки. ЕК констатира исто така дека земјите членки не поседуваат глобални статистики за корупцијата што ја оневозможува ЕК да прави споредби и да евалуира.

Во многу земји членки проблем е интегритетот во политичкиот живот. Во многу земји исто така не постои правилник за однесување кој би спречувал корупција а и таму каде што тој постои неговата примена не е силна. Многу пропусти се забележани и во финансирањето на политичките партии. Секторот во кој најчесто се забележува корупцијата се тендерите.

Според статистиките на Евробарометарот, 76 отсто од Европјаните сметаат дека корупцијата е распространет феномен. Осум проценти велат дека биле сведоци на чин на корупција.

Во извештајот силна критика има за Бугарија. Тој вели дека борбата против корупцијата е приоритет за Бугарија. Но, корупцијата е понатаму е широка. ЕК и препорачува на Софија да ги заштити своите институции за борба против корупцијата од политичко влијание и да нивно чело да става луѓе на транспарентен начин. Евробарометарот пресметал дека 84 отсто од Бугарите се уверени дека во нивната земја корупцијата е насекаде, 11 отсто велат дека во изминатата година биле сведоци или им била побарана коруптивна акција а само 9 отсто од Бугарите сметаат дека има доволно судски истраги кои го спречуваат луѓето да имаат коруптивна пракса. Овој процент а најмал од сите 28 земји членки.

Во Грција и Италија каде 99 односно 97 отсто од граѓаните сметаат дека корупцијата е широко распространета.

Најдобри резултати, без изненадување покажуваат државите од северот на Европа.

За најновата земја членка Хрватска заклучок е дека се вложени напори за борба против корупцијата но повеќе е работено на нејзино сузбивање отколку на спречување. ЕК препорачува статегија за спречување на корупцијата во јавните набавки и здравството. Бројот на Хрватите кои сметаат дека кај нив многу корупција е висок – 94 отсто. Во хрватските фирми дури 81 отсто сметаат дека корупцијата им создава пречки во работата.
ЕК ветува дека ваков нов извештај ќе направи за две години.

Најдобри резултати, без изненадување покажуваат државите од северот на Европа.

За овој сегашен документ беше најавено дека тој ќе ја мери и корупцијата во институциите на ЕУ но тоа не најде место во извештајот. Порталот ЕУОбсервер го цитира портпаролот на ЕК кој вели дека на оваа тема ЕК ќе се наврати подоцна за да биде сигурна дека евалуацијата на корупцијата ќе биде објективна.

Комесарката Малстром минатата година изјави дека корупцијата во институциите на ЕУ е исто така проблем кој треба да биде сфатен сериозно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.