Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ се спрема за избори а кандидатите за претседател на ЕК за дебата

0
By Светлана Јовановска on March 17, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајцата кандидати за претседател на Европската комисија (ЕК) од двете најголеми политички групи во Европскиот парламент (ЕП) најавија повеќе дебати во текот на април и мај на европските телевизии. Пред една недела десната демохристијанска Народна партија на Европа го избра за свој кандидат поранешниот долгогодишен премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер а социјалистите се одлучија за Германецот Мартин Шулц кој во моментот е претседател на ЕП.

Изборите за новиот ЕП се закажани помеѓу 22 и 25 мај во сите 28 земји членки на ЕУ кога 400 милиони граѓани ќе ги бираат своите бираат 751 пратеници. Новите пратеници ќе седнат во своите нови седишта во јули, со петгодишен мандат и се очекува дека токму тие ќе го изберат новиот претседател на ЕК како што тоа го наложува Лисабонскиот договор. За прв пат шефот на европскиот извршен орган ќе биде избран од ЕП така што може да се каже дека изборот, на индиректен начин, го прават самите гласачи.

Дебатата ќе биде вистинска премиера во европските избори. Досега шефот на ЕК беше избиран од страна на шефовите на земјите членки. Со Лисабонскиот договор ЕП доби улога да го одобри изборот на новиот претседател на ЕК и комесарите. Но дали и во праксата ќе биде така?

Политичките игри не изостануваат. Многумина се сомневаат дека Јункер е вистинскиот кандидат за ЕК. Пред се затоа што самиот тој изјави дека не сака да застане на чело на ЕК туку сака да биде претседател на ЕУ на местото на Херман Ван Ромпеј чиј што мандат истекува во ноември а не место во ЕК и тие би сакале да го видат на тоа место.

Европските политички партии сметаат дека станува збор за политички договор помеѓу некои од големите влади на земјите членки за прв човек на ЕК како на пример Ангела Меркел.

Сите кандидати на политичките групи од ЕП се декларирани. Освен најголемите чии што бои ќе ги претставуваат Јункер и Шулц, тука се и поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад, потоа Гркот Алексис Ципрас од партијата Сириза кој ќе се бори за европската левица а зад “зелените” ќе застанат Французот Жозе Бове и Германката Ска Келер.

И покрај тоа што Лисабонскиот договор вели дека желбата на гласачите треба да се почитува и на чело на ЕК да застане човекот кој ќе има најмногу гласови, германската канцеларка смета дека не постои «автоматска врска» помеѓу партијата која ќе ги добие изборите и идниот претседател на ЕК. Многу други шефови на влади го делат ова мислење и оттука аналичарите сметаат дека никој од декларираните кандидати нема да оди во Комисијата туку дека човекот за оваа функција повторно ќе го изберат лидерите на земјите членки. Самото тоа, за многумина, е еден вид атентат врз волјата на гласачите и самиот Лисабонски договор.

Критики доаѓаат од повеќе страни и сите оние кои почнаа да ја водат кампањата за европските избори токму врз фактот дека овој пат Лисабонскиот договор овозможува на чело на ЕК да дојде човек кој добил најмногу гласови и не човек кој бил резултат на лидерско пазарење.

Партијата на “зелените” но и кандидатот за претседател на ЕК на либералната група Верхофштад не ја кријат разочарноста од ова ова можно сценарио. Верофштад вели дека “кампањата се води за претседател на ЕК а не за некоја игра во која се прават обиди да се добие друго место ако не се успее во првото”.

На ова во Народната партија одговараат дека не треба да има сомнеж: “Бевме јасни за време на конгресот на партијата во Даблин. Г-динот Јункер презеде ангажман дека ако партијата ги добие изборите тој ќе биде кандидат за Комисијата”, вели претседателот на партијата Жозеф Дол.
Според претседателот на социјалистите во ЕП Ханес Свобода «ако резултатите на двете партии се блиску по изборите, може да се замисли дека Шулц ќе застане на чело на Комисијата а Јункер на Советот на ЕУ», вели тој.

Многумина набљудувачи сметаат дека Лисабонскиот договор треба да се почитува и да не се поткопуваат овие вистински демократски избори за прв човек на Комисијата поради тоа што избирачите ќе имаат директно влијание во изборот на човекот или жената кои треба да го заменат Португалецот Хозе Мануел Баросо. Оттука треба да се почитува изборот на гласачите како за местото на шефот на Комисијата така и за другите функции кои треба да се пополнат како местата на Ван Ромпеј и Кетрин Ештон чиј што мандат како шеф на надворешната политика исто така истекува на есен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.