Лондон: Отпад за кој се верува дека е радиоактивен е пронајден во вреќи со ѓубре во близина на основно училиште во Хамерсмит, Лондон, што предизвика евакуација на најмалку дванаесет домаќинства.
Весникот Дејли Мејл пришува дека сомнителниот радиоактивен отпад го открил работник во градската чистота.
Специјална единица ја блокирала улицата и ги евакуирала жителите од околните домови предупредувајќи ги да не влегуваат на улицата додека не се смири ситуацијата.