Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европските партии се спремаат за мајските избори

0
By Светлана Јовановска on February 3, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европските избори се закажани од 22 до 25 мај во земјите членки на ЕУ. Ова ќе бидат осмите европски избори кои се одвиваат во еден круг. На нив ќе се изберат 751 пратеник од 28 земји членки.

Овие избори ќе донесат значајна промена. Договорот од Лисабон кој стапи на сила на 1 декември 2009 година предвидува претседателот на ЕК да го избира Европскиот парламент (ЕП) кој треба да одбере човек помеѓу предлозите што ќе ги дадат земјите членки. Овој пат предлозите на земјите членки ќе мораат да се потпираат врз резултатите од изборите што значи дека човекот кој ќе ја води ЕК ќе мора да освои добар резултат на изборите.

Сајтот на изборите е веќе оперативен и може да се консултира на сите официјални јазици на ЕУ на адресата http://www.elections2014.eu

Европските либерали овој викенд одлучија дека белгиско-финско дуо ќе ги води на европските избори. Дуото е составено од поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад и Финецот Оли Рен кој во два мандати беше комесар во Европската комисија (ЕК), прво како прв човек на проширувањето на ЕУ а потоа и како комесар за економија.

Верхофштад е убеден европски федералист кој се залага за креирање на соединети европски држави и влегува во трка за претседател на ЕК. Рен ќе биде кандидат за некое од значајните места во економијата или дипломатијата во следниот состав на ЕК.

За овие избори своите кандидати ги избраа и социјалистите. Нив ќе ги води Германецот Мартин Шулц, сегашен претседател на ЕП. Од партијата на “зелените” избрани се Французот Жозе Бове и Германката Ска Келер а радикалната левица ќе ја води Гркот Алексис Ципрас, лидер на Сириза.

Единствените кои се уште не се појавиле со свои кандидати се демохристијаните. Нивниот изборен лидер ќе го бираат на конгресот во Ирска во март.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.