Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фајненшл тајмс: Украина и Русија тајно започнаа нови преговори

0
By Zoran Ivanov on October 30, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина и Русија тајно водат прелиминарни разговори за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура, објави Фајненшл тајмс. Украина, пишува ФТ, сака да ги заживее преговорите кои беа прекинати пред неколку месеци поради инвазијата на Курск, според извори, а се тоа со Катар како посредник.

Има мнгу рани разговори за можно рестартирање на преговорите“, изјави дипломат запознаен со преговорите. Сега разговараме за енергетската инфраструктура, додаде тој.

Договорот ќе ја означи најзначајната деескалација на војната откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на Украина на почетокот на 2022 година. Украинскиот претседател Володимир Зеленски овој месец изјави дека договорот за заштита на енергетските капацитети може да биде знак за подготвеноста на Русија за пошироки мировни преговори.

Според висок украински функционер, Москва и Киев веќе ја намалиле зачестеноста на нападите врз енергетската инфраструктура во последните недели како дел од договорот постигнат од нивните разузнавачки агенции.

Како што се приближува зимата, Украина се соочува со сериозни предизвици поради обемните руски ракетни напади кои уништија речиси половина од нејзиниот капацитет за производство на енергија. Нацијата сега е во голема мера зависна од своите нуклеарни централи и увозот на енергија од европските партнери.

И Киев и Москва претходно се согласија дека прекинот на нападите врз електроенергетската мрежа на Украина и руските постројки за рафинирање нафта ќе биде нивен заеднички интерес.

Но, Путин ќе биде тешко притиснат да се согласи на договор додека руските сили не ги протераат украинските војници од регионот Курск, каде што сè уште контролираат околу 600 квадратни километри територија, според висок функционер на Кремљ запознаен со преговорите.

Се додека Украинците ја газат земјата во Курск, Путин ќе удира по енергетската инфраструктура на Зеленски, изјави изворот за ФТ. Украина, сепак, планира да продолжи со нападите врз енергетски цели, вклучително и нафтени рафинерии, за да ја принуди Русија на преговори, според висок украински функционер.

Инвазијата на Курск доведе до тоа Москва да се повлече од претходната рунда разговори во август, токму кога официјалните лица почнаа да планираат средба лице в лице во Доха. Катар почна да посредува во тие разговори во јуни, откако Зеленски одржа мировен самит во Швајцарија, на кој Русија не беше поканета.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да ја коментира ситуацијата, како и уредот на Зеленски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 1, 2025

Хамас побара дополнителни објаснувања од посредниците во врска со американскиот план за завршување на војната…

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.