Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: СДСМ нема да им кажува на граѓаните за кого да гласаат

0
By Zoran Ivanov on October 31, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фотографијата на Маја Мојсова со Сотир Лукровски лидерот на СДСМ ја објасни со политичко неискуство.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика гласачите наклонети на оваа партија да гласаат по свое убедување и според вредностите за кои се залагаат, јасно нагласувајќи дека нема намера  да навлегува во никакви констелации и заткулисни договори околу вториот круг на изборите.

Тој фотографијата на кандидатката за градоначалник за Карпош, Маја Мојсова, со Сотир Лукровски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја препиша на „политичко неискуство“, најавувајќи дека денес ќе има средба со неа, иако таа веќе се огради преку социјалните мрежи од можноста да му дава поддршка нему против Стевчо Јакимовски.

Филипче притоа ги повика гласачите да излезат масовно и да гласаат за нивните кандидати, оценувајќи дека гласањето е најсилен протест за она што се случува во државата.

Барам максимална поддршка за кандидатите на СДСМ во вториот круг од локалните избори, рече Филипче, порачувајќи дека тоа се луѓе кои нема да работат за поединци, нема да работат за него, туку за народот и со реални програми.

Во вториот круг бараме поддршка од сите граѓани, ги повикуваме сите кандидати кои не поминаа во вториот круг да се приклучат во оваа борба. Онаму каде што нашите кандидати не поминаа, секој наш гласач има право да избере по сопствено убедување кандидат кој е поблизок до социјалдемократските вредности. Очекувам опозициското расположение да расте, а поддршката за власта да опаѓа откако загубија 140.000 гласови, објасни Филипче.

Претходно тој се пожали дека кандидатите на СДСМ континуирано се изложени на притисоци од страна на власта, што според него  е типично за владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Гласовите на СДСМ инаку ѝ требаат на власта, пред сѐ за да победи во Карпош, во Скопје, во Кичево, во Струга, во Куманово и во Тетово, но Филипче децидно тврдеше дека немаат намера да дадат поддршка за кандидатите на владејачката коалиција, каде и да е.

Освен Лукровски, наводна поддршка пропагираше и кандидатот на ЗНАМ за општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, но не од СДСМ бидејќи имаат кандидат, туку од независната кандидатка Билјана Ивановска – од што таа се огради дури двапати.

Вчера на социјалните мрежи  граѓани препорачуваа да не се излегува низ град за да не ги сретне Сотир Лукровски и да ги објави како му даваат поддршка, иако ваквите подметнувања му помагаат во некоја мерка на ВМРО-ДПМНЕ, но и сигнализираат дека не се толку сигурни во победата, па мора да користат трикови со поддршки во дебати и со досиеја од службите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.