Во нашата програма предвидуваме отворање на младински центар на територија на општина Аеродром, изјави Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата, при денешната презентација на младинските мерки од програмата.
Тој посочи дека овој простор ќе биде наменет за реализација на работилници, обуки за млади, како и културни настани.
Филиповски се осврна и на потребата од поефикасно спроведување на Законот за младинско учество и младински политики, како и носење на Буџет за млади. Имено, по формирањето на Локалниот младински совет, ќе се подготви и локална стратегија за млади. На овој начи, ќе се мапираат потребите на младите на микро ниво, со цел општината да креира уште поквалитетни политики за младите луѓе.