„Господ да ја благослови Македонија“ е насловот на новата книга посветена на екс претседателот на Македонија Борис Трајковски кој како претседател на државата трагично го загуби животот во авионска несреќа на 26-ти февруари 2004 година.
Автори се радио новинарите Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска.
Ова најново книжевно дело посветено на екс претседателот Трајковски во целост го финансираше фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.