Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франсоа Оланд, сам, во посета на пријателот Барак Обама

0
By Светлана Јовановска on February 11, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Франсоа Оланд, претседателот на Франција, е првиот европски лидер кој се среќава овие три дена со американскиот претседател Барак Обама: Toj нема да го отвори прашањето кое ја навреди цела ЕУ – пцостите на Викториjа Нуланд “е.. ја ЕУ”.

И покрај евидентната лутина која речникот на Нуланд да предизвика во ЕУ, земјите членки одлучија да не креираат додатен инцидент на инцидентот на Нуланд. На министерскиот состанок во понеделникот во Брисел, ЕУ избегна да и одговори на Нуланд. Францускиот дневник “Ле Монд” цитира еден министер кој рекол дека навредливите зборови не се тие што ја налутиле Европа туку идејата дека ЕУ не е способна за ништо во Украина и дека треба сета работа да им ја остави на Русија и на САД.

Во меѓувреме во Вашингтон пристигна францускиот претседател во официјална посета на САД. Тој допатува без прва дама откако одлучи да ја прекине врската со Валери Триервајлер и која претходно беше планирана да го придружува. Ова, очигледно, предизвика протоколарни проблеми во Белата куќа која организира свечена вечера во чест на Оланд.

Некои очекуваа дека Оланд ќе стаса во Вашингтон со новата љубовница актерката Жули Гаје но од сосема разбирливи причини тоа не се случи. Врската помеѓу Оланд и Гаје и понатаму не е официјално објавена.

Љубовните авантури го инспирираа францускиот печат кој во неделата најави дека наскоро “Вашингтон Пост” ќе објави дека Обама е во тајна врска со Бијонсе и исто така има љубовница. Набрзо веста беше демантирана.

Така двајцата претседатели нема да ги споделуваат љубовните маки туку ќе се свртат кон државничките прашања. Обама одлучи да му посвети посебна чест на Французот и го одведе на имотот Монтичело каде што живеел третиот американски претседател Томас Џеферсон, познат како франкофил. “Бевме сојузници и во времето на Џеферсон и Ла Фајет и уште се сме сојузници и денес”, изјави Оланд.

На имотот Обама и Оланд пристигнаа со фамозниот Ер Форс 1 а времето таму го искористија неформално да зборуваат за франко-американските односи”.

Најсвечениот дел од посетата се случува денес кога на тревникот на Белата куќа ќе бидат изведени националните химни и ќе бидат испукани 21 топовски истрели.

Од важните теми ќе се зборува за климатските промени воочи на конференцијата на оваа тема закажана во Париз следната година. Обама и Оланд, во заеднички текст објавен во “Ле Монд” и “Вашингтон Пост” повикаа да се трага во амбициозен светски план за намалување штетните гасови.

Според медиумите од двете страни на Атлантикот, двајцата претседатели имаат добри лични односи. Како што рековме, тиа двајцата нема да зборуваат за пцостите на Нуланд но ќе се задржат на Едвард Сноуден и прислушкувањата на Американците на европскиот континент. Според Оланд, овие прислушкувања отворија “тежок период не само за Франција и САД туку и за Европа и САД”.

Оваа тема секако нема да биде избегната ни во март кога Обама пристигнува во посета на ЕУ во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.