Париз: Петнаесет проценти од децата на возраст меѓу 13 и 16 години во Франција пушат „вејпови“.
Францускиот Парламент ја забрани продажбата на „вејпови“. Тие се особено популарни меѓу младите поради нивната ниска цена и разновидноста на вкусови, објавија денеска француските медиуми.
Петнаесет проценти од децата на возраст меѓу 13 и 16 години во Франција пушат „вејпови“. Четириесет и седум проценти од нив тврдат дека ја започнале својата зависност од никотин на овој начин, според истражувањето на Анти-тутунската алијанса од 2023 година.