Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Г-дине Мицкоски, и непријавувањето корупција е корупција

0
By Zoran Ivanov on August 28, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Покрај законската обврска, овде го имаме и етичкиот аспект. Непријавувањето на корупцијата до надлежните институции и обелоденувањето на случајот пред јавноста го замаглува политичкиот профил на Мицкоски, од кого има големи очекувања во борбата против оваа негативна појава.

Џелал Незири

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека му бил понуден поткуп за потпишување на тендерот за изградба на пругата кон Бугарија во износ од 560 милиони евра. Тоа е сегмент од Коридорот 8, – кој ги поврзува Италија, Албанија, Северна Македонија и Бугарија, – е финансиран од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка. Овој коридор веќе е дел од мапата на европските коридори кои овозможуваат посилно инфраструктурно поврзување меѓу Источна и Западна Европа.

Но, проблем во овој случај е молкот на премиерот во однос на понудата за корупција. Ниту го доставил до Обвинителството, ниту до Државната комисија за спречување на корупцијата. Како носител на важна функција во државата, тој има обврска да го пријави тоа. Откако ќе го пријавеше до Обвинителството, Мицкоски ќе мораше да соработува со истражните органи за да се открие кој стои зад обидот за корумпирање на премиерот. И конечно – давателот на корупција да ја добие заслужената казна.

Законот за спречување на корупција и судир на интереси, изменет во 2019 година, ги обврзува и сите функционери, меѓу другото, да пријават корупција. Во членот 61 од Законот се вели: „Службеното лице е должно да го пријави секое кривично дело поврзано со корупција, како и секое прекршување на одредбите од овој закон за кое ќе дознае при вршењето на својата должност“.

Тоа значи дека Мицкоски го прекршил законот. И кршењето на законот е корупција.

Покрај законската обврска, овде го имаме и етичкиот аспект. Непријавувањето на корупцијата до надлежните институции и обелоденувањето на случајот пред јавноста го замаглува политичкиот профил на Мицкоски, од кого има големи очекувања во борбата против оваа негативна појава. Тој денеска изјави дека Владата ќе отвори посебен број каде ќе може да се пријавува корупција. Ништо ново – досега има над 50 броеви за пријавување корупција, но многу малку случаи се пријавени. Речиси секоја институција или невладина организација која се бори против корупцијата чека пријави веќе некое време. Но, ниту премиерот не се сети да ги тестира тие бројки. Откако објави дека ќе отвори нов број, тешко е да се верува дека ги знае постојните броеви за пријавување корупција.

Додека се наближуваат 100-те дена, владата на чело со Мицкоски остава впечаток дека не знае да владее. Се прават почетнички грешки, непознавање на законите и секојдневни скандали. Се чини дека не ја сфатија сериозно тежината на народното овластување, добиено на изборите за да ја водат државата. Ова овластување е дадено за борба против корупцијата, за интегрирање на земјата во Европската унија (за реформи) и за економски развој. Се друго е циркус за забавување на јавноста. Линк

0

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.