Кина го поддржа обидот на претседателот на САД Доналд Трамп да постигне договор со Русија за запирање на војната во Украина.
За време на синоќешниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-20 во Јужноафриканската Република, САД доби поддршка од кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Кина ги поддржува сите напори што водат кон мир (во Украина), вклучително и неодамнешниот консензус постигнат меѓу СAD и Русија, рече Ванг Ји за време на состанокот. – Кина е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога во политичкото решение врз основа на потребите на вклучените страни и загриженоста на меѓународната заедница, додаде тој.
Ванг не ја повтори поентата што ја кажа на Минхенската безбедносна конференција минатиот петок дека сите страни вклучени во руско-украинскиот конфликт треба да учествуваат во какви било мировни преговори.