Министрите за надворешни работи на 13 земји членки од групата Г7 потпишаа прдупрдувачко писмото до израел напишано на четири страници.
Во него стои предупрдување до Израел противнеговата воена офанзива врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.
Во писмото до израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, министрите го истакнаа правото на Израел на самоодбрана и ги осудија терористичките напади на 7-ми октомври од страна на Хамас и другите исламистички групи но и стовремено тие ја повикаа владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи се за да ја ублажи катастрофалната и влошена хуманитарна криза во Појасот Газа.
Земјите од групата Г7 го повикуваат Израел и да ги отвори сите гранични премини во крајбрежната зона за испорака на помош, вклучувајќи го и преминот Рафа со Египет.
Писмото го потпишаа министрите за надворешни работи на земјите од Г7 на Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија и Канада и нивните колеги од Австралија, Данска, Финска, Холандија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Шведска, а не го потпишаа само САД.