Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гаши нема толку гласачи колку скандали, зошто Мицкоски го спасува?

0
By Zoran Ivanov on August 28, 2024 ИЗБОР
Слободанка Јовановска
Слободанка Јовановска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Настрана што се поставува прашањето дали со овој потег Гаши практично не прати и политичка порака дека не ја признава границата меѓу Македонија и Косово или мисли да ја избрише во иднина ако, не дај боже, добие повисока функција во државава? И, вака ли ќе ја поминуваат од Вреди границата кога ќе одат во Косово, бидејќи мислат дека со функцијата ја добиле и неа во приватна сопственост?

Слободанка Јовановска

Веќе пет дена трае скандалот со претседателот на Собранието Африм Гаши, а тој никако да излезе во јавноста и да објасни како си дозволил таква свадбарско-политичка авантура во Косово. Ниту криењето на Гаши, ниту обидите на неговата коалиција, на ВМРО-ДПМНЕ и на спинери поединци да ја дефокусираат јавноста од оваа тема, сепак, не даваат резултат и јавноста бара епилог или, поточно, бара оставка од спикерот, кој за два месеци на функција покажа дека нема институционален капацитет, па ни образ да биде втор човек во државата.

Со оглед на тоа дека на 3 септември е закажана интерпелација за Гаши по барање на партијата Левица, прашањето што се поставува сега е – ќе го пушти ли ВМРО-ДПМНЕ низ вода  коалициониот партнер, а поврзано со тоа и прашањето – ќе го пушти ли Гаши низ вода и Вреди, бидејќи откако влегоа во власта им го урна целиот имиџ што сакаа да го градат како нов албански политички фактор?

Иако МВР на Панче Тошковски најде друг виновен за самоволието на претседателот на парламентот, во соопштението се протна една реченица која сугерира дека е можно да му го свртат грбот од ВМРО-ДПМНЕ, ако не е намерно пратен сигнал за смирување на јавноста.

Повикувајќи ги граничните органи  да ја „одбијат секоја незаконска наредба и непринципиелно барање“, министерот Панче Тошковски, а преку него ВМРО-ДПМНЕ, практично кажаа дека такво било однесувањето и на Африм Гаши, како и на тие што му го овозможија излегувањето.

Од Вреди, пак, и натаму се мачат да најдат пример на злоупотреба како неговиот, а бидејќи не успеваат, сега се жалат на притисоци за етничко обезличување и на непринципиелност на коалициониот партнер ЗНАМ. Практично, посипувајќи се со пепел уште повеќе – бидејќи мешаат баби и жаби, и бидејќи бараат во име на некаква коалиција сите да молат за незаконско и неетичко однесување на нивен функционер.

Граѓаните немаат дилема и јасно лоцираат во што е проблемот: Што ако Гаши реши да оди за викенд во Грција со семејството? Ние ли ќе му го плаќаме бензинот нему и на обезбедувањето? Што ако сите високи функционери одат на свадба во странство со по шест коли, од кои три за обезбедување? И тоа ли е – сѐ по закон?

Јасно е дека ваквите прашања се брцање со прст на функционерите во око кои не сакаат да си ги жртвуваат привилегиите што им ги носи фотелјата, меѓу кои и користењето службени автомобили. Но, она што му дава дополнителна тежина на целиот скандал е фактот дека Гаши, откако еднаш интервенираше и ја злоупотреби својата функција и своето обезбедување и притоа направи скандал на Аеродромот Петровец, истото тоа го направи и по вторпат, овојпат обезбедувајќи си себеси и на целото семејство да поминат без контрола и без процедура на граничниот премин Блаце.

Практично испадна дека политичка специјалност му се изигрувањето на правилата за преминување на гранични премини, а не јакнење на нивната функционалност.

Испадна, исто така, дека Гаши нема толку гласачи колку што има резервни одработувачи на функции кои, на негово барање или интервенција, се подготвени да прекршат која и да е законска процедура во Македонија. Тоа го прави легитимно барањето на СДСМ да се истражи кој се ја поминувал и како ја поминувал границата со Косово изминатиот период и која е гаранцијата дека со ваква „партизација и приватизација“ на границата, низ неа не поминува дрога, оружје и други недозволени работи.

На крајот на краиштата, се отвора и прашањето – интервенирал ли специјалистот за гранични премини и за пропуштање без контрола и на пребеганиот Косовец обвинет за воени злосторства, Блерим Рамадани, бидејќи никој не објасни сѐ уште како успеал за еден ден да се најде на Косово и да се фотографира испраќајќи ни поздрави.

Прашања има толку многу, што се во право сите оние кои оценуваат дека Вреди станува камен околу вратот на ВМРО-ДПМНЕ и дека оваа партија, како СДСМ заради ДУИ, на крајот ќе ја плати политичката цена за самоволието –  незаконско или неетичко. Без оглед што премиерот Христијан Мицкоски со патувањето во САД со синот и со бизнис класа на некој начин даде зелено светло за вакво однесување, гревовиве на Гаши сега се премногу за да се реши проблемот без негова политичка одговорност, уште повеќе што се случија за многу краток период и јавноста не само што му ги памети, туку и му ги брои.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека времињата се сменија и глумењето одговорност веќе тешко проаѓа, како што не траеше ни два дена обидот да се префрли вината на раководителот на смена, а неа да ја утврдува – токму тој што интервенирал Гаши и свадбарите да излезат и да влезат во државата како да нема гранична контрола, како да нема граница и како да нема две држави – туку со тоа да суспендираат.

Ако се потврди ова, најскандалозно во целиот случај, освен обемот на обезбедувањето, е дека Гаши знаел дека тоа што го прави е надвор од процедурата, поради што си викнал послушник функционер да му ја испразни границата. Зошто им било проблем да се легитимираат и зошто морале да интервенираат, кој се поминал со нив и со што? – се прашања на кои сега, и да сака да одговори, никој нема да му верува. Настрана што се поставува прашањето дали со овој потег Гаши практично не прати и политичка порака дека не ја признава границата меѓу Македонија и Косово или мисли да ја избрише во иднина ако, не дај боже, добие повисока функција во државава? И, вака ли ќе ја поминуваат од Вреди границата кога ќе одат во Косово, бидејќи мислат дека со функцијата ја добиле и неа во приватна сопственост?

Ако не може да се справи со албански коалиционен партнер што прави злоупотреби, а власта од него не му зависи, како мисли лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го продава натаму на граѓаните тврдењето за слугувањето на СДСМ на ДУИ, без кои нивната влада веднаш ќе паднеше и да ги уверува своите гласачи, а не тие на опозицијата, дека ќе им стави крај на уцените од албанските коалициони партнери? Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.