Киев: Украинската армијa објавува дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков.
Непријателот моментно постигнува тактички успеси, објави украинскиот Генералштаб.
Руските сили се обидуваат да се пробијат во тој регион, што предизвика тревога во Киев и кај западните сојузници за потенцијална голема офанзива врз Харков, вториот по големина во Украина, кој се наоѓа на триесет километри од руската граница.