НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голема уста сака лапачка  

0
By Zoran Ivanov on January 16, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да бидеме искрени, потребните реформи не се исплатливи за актуелните влади кои добар дел од својата политика ја засновуваат на овој модел и зависноста од странските директни инвестиции. Ако ги започнат реформите кои се болни ќе им падне популарноста која во главно се засновува на популизам и речиси сигурно е дека следниот мандат е изгубен.

Војо Маневски

Клинец со клинец се вади, ама едниот останува на тоа место. Ете таков ми е заклучокот после празниците. Со празнично расположение некако ги подзаборавивме состојбите во нашето општество, ама тоа трае додека е празникот, после реалноста нѐ враќа во претходната состојба.

За почеток да си поставиме прашања за да бараме одговори. Заслужуваме ли посреќно општество? Потребна ли ни е стабилна и надежна економија? Ни треба ли функционална држава ? Го сакаме ли тоа и по која цена?

Кој не сака арам да му е би рекле сите. Но желбите се едно ама самокритиката и потрагата по подобри решенија е друго. За да имаме посреќно општество мораме да имаме подобра економија а за да имаме таква, мораме да сме далеку по организирани како држава. Е тоа не сум сигурен дека сите го сакаме.

Напорите на владата за подигање на позитивизмот кај граѓаните преку презентирање на податоци за растот на БДП во последните квартали е потребен ама не ѐ доволен. Растот на нашата вкупна продукција не смее да биде како ЕКГ снимка, каде растот и падот се натпреваруваат. Потребен ни е константен раст на БДП и тоа неколку години по ред за да се почувствува кај граѓаните повисок стандард. Добро е што во целиот регион се отвораат дебати за моделите на економски раст и водењето на макроекономската политика. Овој модел заснован на потрошувачката е веќе недоволен.

Да бидеме искрени, потребните реформи не се исплатливи за актуелните влади кои добар дел од својата политика ја засновуваат на овој модел и зависноста од странските директни инвестиции. Ако ги започнат реформите кои се болни ќе им падне популарноста која во главно се засновува на популизам и речиси сигурно е дека следниот мандат е изгубен. Повикот за  минимум заеднички политички платформи на сите партии е добар како идеја ама не сум сигурен дали вака кадровски исцрпени партиите можат да дојдат до договор кој ќе биде политичка основа за нужните реформи. Дополнително и воспоставените олигархиски интереси се како товар на панагонот од самарот.

Лесно е да се критикува министерството за финансии кога на товар му ги ставаме сите општествени неефикасности и недефинираниот пазар. Што е тоа што ним им стои на располагање? Да враќаат кредити со земање нови и ако е можно со помали камати да заштедат нешто. Доследното собирање на даноци и царини често е кампањско и зависи од политичката волја а не од законот.  На буџетот е легнато целото општество кое ни после 30 г. не може да сѐ навикне на суровите правила на пазарот. Сета состојба личи на незнаење, корупција, не снаоѓање а добар дел е и последица на бесмислениот изборен маркетинг.

Производителите на ориз најавуваат протести зошто им било ветена поголема откупна цена. Цените ги одредува пазарот а државата со даночните политики и мерки на инспекцијата треба да ги заштити произведувачите од шпекулации на откупувачите. Субвенциите колку се стимулативни се гледа  секоја сезона, кога дојде до откуп. Протестите и блокирањето на патишта се задолжителен декор и секако не се трајни решенија ама сите се навикнавме според народната мудрост: „Детето ако не заплаче мајка му нема да се сети да го подои“.

И се во круг до следната откупна година и до следната изборна година. Што може да направи владата? Да си стои на ветеното тешко дека ќе може со економски мерки и мора да  се оптоварува буџетот, кој се повеќе се дополнува од кредити и заеми на домашен и надворешен план. И ја дотеравме работата до голема задолженост. Значи , владата мора да понуди нови стратегии за поголемо производство на храна со нов концепт на субвенции и заштита на домашното производство.

Администрацијата во наредната недела ќе протестира за поголеми плати за 30%. Инфлацијата и растот на цените го намалија нивниот стандард. До овде сѐ во право административците, посебно кога зголемувањето на платите оди според сектори кои вадата ги смета за стратешки. Во право е и владата, нема средства за сите. Што ќе биде епилогот? Ќе се преговара и ќе се држат пресови. Има еден виц меѓу граѓаните. Три месеци администрацијата да не оди на работа граѓаните нема многу да приметат затоа што и онака тие се на мнение дека чиновниците и не работат многу.

Веројатно ќе се најде некој процент на зголемување на платите за административците што протестираат. Вака новинарски да ги расчленам последиците без претенциозност која им ја оставам на професорите по економија.

Платата се пресметува по формулата за бруто плата. Од тој износ државата ќе си земе назад  скоро 39% . Најголем дел оди во фондовите за пензиско и здравствено осигурување ама и тие се залепени за централниот буџет. Од она што ќе се исплати на вработените уште 18% ( има и производи со помал процент ама тоа не го намалува многу делот кој ќе се врати во буџетот) ќе отиде за ДДВ и повторно во буџетот. Ако се зголемат платите за 30% тоа значи дека за ист процент ќе биде зголемувањето на приливот по таа основа во буџетот.

Балансирањето на приходната и расходната страна на буџетот ќе се прави после три месеци и ако фали прилив ќе се распишат обврзници на домашниот пазар и ќе се пополни. Математички лесно ама каматата ја зголемува дупката која пак по некој интервал ќе мора да се пополни. И се така, што би рекле моиве сограѓани   „Ден да помине сомун да загине“. Со инфлација која се движи околу 4%  ризикот од нејзин раст поради зголемување на платите е извесен. Недоволната понуда на стоки ќе ги зголеми цените и инфлацијата ќе расте. И после неколку месеци се одново само на бројчено повисоко ниво и пониско ниво на стандардот.

Што очекуваме веќе на почетокот на оваа година? Јасни предлози на политики за излез од ова коло на тонење. Нов модел на макро економија кој ќе се засновува на раст на домашната економија и помош од државата за тие политики. Реализација на капиталните инвестиции и одржлива и развојна даночна политика. Моделот со кој парите одеа кон врвот,(читај олигарсите и политичките врхушки мора да се напушти за да не се зголемат последиците врз поширокото население и иселувањето да се засили. Странските директни инвестиции не смеат да бидат најголем лост за подигање на БДП.

Турбуленциите на европскиот пазар, кои се најавуваат, колку и да нѝ изгледаат далечни можат да бидат со големи последици. Можеби умешна влада некои од тие појави во Европа ќе ги искористи како предност во привлекување на инвестиции но тоа нема да биде за долго, зошто компаративните предности како што се евтина работна сила и ниски даноци веќе се на наша штета.

Толку е доволно од мене за овој прв дел од месец јануари и почетокот на новата година која може да биде и решавачка за наредниот период. Другото ќе го оставиме за крајот на овој месец кога ќе имаме порелевантни податоци од изјавите кои ги употребува скоро секоја влада на Западен Балкан .„Ние имаме најбргу растечка економија во опкружувањето“.

Ај да не им бидам малер и на владите и на граѓаните. Впрочем до Богојавление деновите се викаат некрстени. Штом не се крстени може да се зборува за нивната вера и верувања секако. Ама кога ќе се крстат ќе ги  прекрстуваме со разни прекари. Предлагам да биде првиот прекар БИЧКИЈА зошто таа дели рамномерно и да не бидат ТЕСЛА која влече само накај мајсторот.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

колумна војо маневски финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.