Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гомбрович во Македонија

0
By Zoran Ivanov on August 31, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гомбрович на ваков начин претставува чин на вклученост на македонската култура во светските текови, занимавање со светската проблематика и тематика, излез од провинцискиот статус, од ниските плафони и комплекси во кои потонавме транзицијата.

 

 

Бранко Тричковски

“Бегемот” ќе ја одбележи 120 годишнината од раѓањето на Витолд Гомбрович.

Централна точка во тој повеќеслоен проект е збирката на романите на Гомбрович и на неговите раскази.

На околу 800 страници собрани се и отпечатени “Бакакај”(раскази) и романите “Фердидурке”, “Транс-Атлантик”, “Космос” и “Порнографија”.

Насловот на книгата е “Маскарада”, што е интересна метафора на важен аспект на гомбровичевскиот поглед на човекот како битие маскирано според очекувањата на средината односно на другите луѓе преку кои се создава.

Идејата и проектот на “Бегемот”, односно на главниот уредник Филип Димчевски, е единствен подвиг не само во македонската култура, туку и во рамките на европското и светско издаваштво.

Преводот на Филип е извонреден.

Книгата е феноменално уредена, со интересни илустрации на Наталија Лукомска.

Тврдиот повез е важен за естетиката на книгата, ја потенцира нејзината важност и има практични аспекти околу употребата и чувањето на оваа единствено издание.

Освен тоа во септември (22), во “Буква” ќе се одржи и дебата за животот и делото на овој голем уметник, еден од најистакнатите во уметничката историја на Европа и на светот во дваесетиот век. На Полска, се разбира.

Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гомбрович на ваков начин претставува чин на вклученост на македонската култура во светските текови, занимавање со светската проблематика и тематика, излез од провинцискиот статус, од ниските плафони и комплекси во кои потонавме во транзицијата.

Башка што филозофијата и уметноста на Гомбрович се многу инспиративни за македонската национална драма и за можните решенија. Работи на кои мојата маленкост има посветено многу љубов, време и енергија.

Имам воечаток дека некои маргини на општеството и делови од средината, полека но сигурно се гомбровичираат, ако може така да се каже, што значи дека се ослободуваат од стегите и ниските плафони на колективизмот.

Односно го еманципираат.

Гомбрович пружа уметничко задоволство од највисок ранг, тој е Бетовен на пишаниот збор, но може да биде и професор по ослободување на човекот и на нацијата.

Македонија може и треба да му биде студент.

Можеби, дури, и пациент.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.