Гордана Силјановска Давкова ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.Во Вила Водно таа замина од Собранието каде што ја даде свечената заклетва за совесно извршување на должноста и со обраќање пред присутните пратеници, дипломатскиот кор и претставници на политичкиот и општествениот живот.
Од денеска почнува петгодишниот претседателски мандат на Гордана Силјановска Давкова која е шести претседател и прва претседателка од осамостојувањето на државата.