Денеска во Скопје на 151-вата собраниска седница Гордана Силјановска Давкова пред пратениците ја даде свечената изјава со што и официјално ја презеде должноста Претседател на Република Северна Македонија.
Силјановска Давкова потоа се обрати до пратениците и јавноста.
Во својод подолг говор таа зборуваше главно за жените и нивните можности во политиката посочувајќи се и себеси како пример.
Новоизбраната претседателка на државата не спомна ништо за надворешната политика на Република Северна Македонија, за евороинтеграциите и за штетноста на македонсаките меѓународни договори пораки со кои остро и до степен на нивно негирање настапуиваше во предизборната кампања.