Прво, Преспанскиот не е договор туку е спогодба, а при спогодба има компромиси и незадоволства од сите страни што се спогодуваат и кои решиле да најдат решение.Второ, некои работи не се правилни и во согласност со некои меѓународни правни норми и свесен сум за тоа. Но користа од таа спогодба со јужниот сосед, гледано и во историски контекст, за нас е многу значаен.
Но, што реши договорот?
Прво, за првпат Македонија во ООН е запишана како независна и суверена држава и тоа по сите правила на ООН.
Второ, ние, до пред Преспанскиот, во ООН имавме привремена регистрација. Потоа, се избриша акронимот ФИРОМ, се избриша „Поранешна“ бидејќи тоа асоцираше дека ние сме некоја и нечија поранешна територија, пријавени во ООН како некаква привремена државна творба која во суштина не постои. Некои или тоа не го читаат меѓу редови или не сакаат тоа да го видат, а всушност токму тоа е клучното за нас.
И, третата придобивка од Преспанскиот, е во фактот што Македонија за првпат во својата историја доби признати меѓународни граници. За првпат, заклучува проф. д-р Трајан Гоцевски во интервју за Цивил и Слободен печат.