Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје: Документите за концесионерот на Дрисла се тајна

0
By Сашка Цветковска on July 18, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ВЧЕРАШНИОТ ТЕКСТ АФЕРА: КОЈ Е НОВИОТ ИНВЕСТИТОР ВО ДРИСЛА

Колку повеќе се „копа“, толку повеќе на површина излегуваат многу недоследности во случајот со доделувањето концесија за депонирање на отпадот на Јавното претпријатие „Дрисла“. Како што НОВА пишуваше во првиот дел од истражувањето објавен вчера, нов концесионер на „Дрисла“ е конзорциумот „ФЦЛ Амбиенте“ од Италија, правно лице чии амбиции се да инвестира 73 милиони евра, формирано со 10.000 евра влог и тоа дури три месеца по распишувањето на повикот за доделување концесија од страна на Град Скопје.

Но, ФЦЛ Амбиенте не е „само“ формирана три месеци по објавувањето на повикот на градот, туку буквално три дена пред отворањето на понудите од фирмите учеснички на тендерот. Во дописот на комисијата која била избрана да одлучува за тоа кој е најдобар понудувач до Советот на град Скопје го пишува следново:

-Крајниот рок за доставување на понудите од првата фаза на постапката за претквалификација без јавно отворање, првично беше закажан за 17 јануари 2012 година, но на барање на еден кандидат поради новогодишните и божиќните празници, рокот беше продолжен за 30 дена и беше закажан за 17 февруари 2012 година, ги информирал советниците на град Скопје претседателот на Комисијата и директор на ЈП „Дрисла“ Горан Ангелов.

Во информацијата како таква, нема ништо спорно се додека истата не се стави во контекст на профилот на компанијата победник на тендерот. Имено, ФЦЛ Амбиенте е формирана на   9 февруари 2012 година, а во Централниот регистер во Италија е впишана на 14 Фебруари, односно точно три дена пред крајниот, продолжен рок од страна на Комисијата во Скопје за избор на најповолен понудувач. А статусот на компанијата на денот на регистрацијата е означен како „неактивен“, согласно податоците од италијанскиот регистер.

Како „ФЦЛ Амбиенте“ победи реномирани евопски компании

Ако се погледне конкуренцијата на „ФЦЛ Амбиенте“ навистина е имресивно како тазе компанијата успеала да победи реномирани европски компании со големо искуство во депонирањето и преработката на отпад. За потсетување, основач на компанијата е Масимилијано Ферацоли, сега веќе дел од раководството на „Дрисла“, а ја основал со влог од 10 илјади евра од кои 100 евра се дел од имотот на компанијата „Италија Консалтинг С.Р.Л“ , а останатите 9.900 евра се од друга негова компанија „Финансиариа Центро Лацио С.П.А“.

За разлика од анонимната „Италија Консалтинг С.Р.Л“, другата фирма има своја веб страница на која може да види дејноста со која се занимава семејството Ферацоли, а тоа е финансиски консалтинг. „Финансиариа Центро Лацио“ нема никакви проекти врзани со бизнисот со депонии, преработка на отпад и слично. На нивната веб страница пишува дека „ФЦЛ Амбиенте“ е основана со една единствена намера – да се превземе скопска „Дрисла“.

Како што пишувавме вчера, симптоматчно е и појавувањето на компанија-партнер на „ФЦЛ Амбиенте“ чие име се јавува дури по објавувањето на одлуката од тендерот, а тоа е компаниајта Унијеко, која според написите во италијанските медиуми во моментов тоне во долгови.

Од вкупно седум понудувачи, во првата фаза четири биле елиминарни; една компанија аплицирала по грешка, а другите три немале целосна документација. Во втората фаза според податоците од Советот на Град Скопје влегле три компании: конзорциумот „ФЦЛ Амбиенте“ од Италија, германскиот конзорциум Шолц АГ и австриската компанија А.С.А Интернешнл Енвиромент Сервисес.

Двете компании кои отпаднале, и австриската и германската имаат големо искуство во преработката и депонирањето на отпад и доволен е еден поглед врз нивните веб страници за да се утврди дека станува збор за сериозни компании со многу минат труд зад себе во областа. Дури и градот Скопје ги оценил нивните понуди како комплетни и согласно сите критериуми кои се барале од понудувачите. Но, на крајот се одлучиле за понудата на ФЦЛ Амбиенте, анонимната компанија од Италија чиј партнер Униеко не „стасал“ ниту да се пофали на сопствената веб страна со таков меѓународен успех каков што е добивањето концесија од 35 години во друга земја.

Град Скопје: Банкарската гаранција и тендерската документација се класифицирани информации

НОВА од градот Скопје побара да ја приложи тендерската документација, како и договорот и банкарската гаранција која ја уплатила „ФЦЛ Амбиенте“. Ви пренесуваме дел од преписката со Град Скопје.

Град Скопје:

Почитувана колешке, 
Целата документација приложена кон тендерот, од страна на учесниците на тендерот е прогласена и класифицирана , како доверлива и затоа ние не можеме да ви оствариме пристап или да Ви ја презентираме. 

Како што Ви одговоривме по седмото прашање, во однос на пристапот до докумментацијата, по барање на сите учесници , пристапот до истите може да го остварите само преку нив,  Град Скопје има добиено банкарска гаранција во износод 1% од вкупната проектирана вредност на инвестицијата . Со потпишувањето на договорот, поднесена е банкарска гаранција од 730 000 евра. 

НОВИНАР:
Јас не разбирам зошто е проблем да ми кажете колку пари е банкарската трансакција, а да не ми доставите документ за истата? Сакам да се уверам од пишан извор, документ дека ФЦЛ Амбиенте навистина уплатила 730 илјади евра. Не мора да ми го праќате, може да ме поканите и самата да го погледнам и тоа ќе ми биде доволно.

Град Скопје:

Почитувана, 

Град Скопје со објавување на вредноста на положената банкарска гаранција за тековната година , вклучително со објавувањето на други детали, покажа високо ниво на подготвеност за максимално транспарентно изјаснување во однос на овој голем проект. За жал, поради презенмените правни обврски , остануваме лимитирани со можноста за директна презентација на документот, што е барање на сите учесници на тендерот.

УТРЕ ПРОДОЛЖУВА: ГЕРМАНЦИТЕ БЕСНИ, ГРАДОТ НА СУД

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.