Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грда е сликата во огледалото на хуманоста на нашето општество

0
By Sashko on July 9, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борјан Јовановски

Потребна ни е сериозна јавна дебата под услов за неа да се зборува принципиелно а поплаките за третманот да не се однесуваат на овој или оној туку на било кого, кој е жртва на таквите состојби во затворите.

– Никој вистински не познава еден народ додека не се најде во неговите затвори. Еден народ не треба да се суди според тоа како се однесува кон највисоките слоеви на општеството, туку кон оние кои се најниско“. Ова се зборови на Нелсон Мендела кој мина 28 години во занданите на Апартхејдот, излегувајќи од таму не со желба да им се одмазди на своите џелати, туку со љубов за својата земја да ја направи подобро општество за секој еден. Неговиот хуманизам е квалитетот кој на овој човек му обезбеди високо место во историјата на политиката и хуманизмот.

Судејќи по овој цитат на Мендела, нашето огледало како народ треба да го бараме во Идризово и во Шутка кои со децении наназад се предмет на многу меѓународни извештаи кои укажуваат на исклучителен нехуман однос кон затворениците. За жал, ниту една влада досега не обрна доволно внимание на овие забелешки кои патем ќе се провлекуваат уште долго особено во процесот на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Извештајот е многу критичен за постојаниот неуспех на властите во Северна Македонија да се справат со одредени основни недостатоци на затворскиот систем. Потребна е непосредна акција за решавање на недостатокот на професионален пристап во управувањето со сложените ситуации во затворскиот систем, лошото управување и перформанси на персоналот, ниското ниво на персонал, слабиот квалитет на здравствена заштита што им се обезбедува на затворениците, недостаток на соодветен режим што им се нуди на затворениците, високото ниво на насилство меѓу затворениците, лошите материјални услови и ендемската корупција на персоналот.

– Извештајот детално ги опишува нехуманите и понижувачки услови пронајдени во главните области за сместување на овој затвор. Уште еднаш се наведени долгогодишните недостатоци во истражниот затвор во Скопје, како во однос на материјалните услови, така и во отсуство на каков било значаен режим, се вели во соопштението на Комитетот за превенција од тортура на Советот на Европа објавено во мај годинава кое за жал доби мало внимание во медиумите.

Од друга страна, јавноста често е информирана за тоа дали и како се третира некое звучно име, дали и зошто е пренесен во оваа или онаа клиника за да му се укаже помош. Во еден неодамнешен случај, доктори и новинари силно и гласно критикува во какви услови бил сместен нивниот претпоставен без збор да се каже дали можеби слично или исто се третираат сите останати зад тие решетки. Се разбира ова може да биде сосема релевантна тема за сериозна јавна дебата под услов за неа да се зборува принципиелно, а поплаките за третманот да не се однесуваат на овој или оној туку на било кого, кој е жртва на таквите состојби во затворите.

Како новинар кој често обрнува внимание на човековите права и на хуманите капацитети и квалитети на нашето општество и следејќи ги притоа сите извештаи на меѓународните и невладините организации, можам со сигурност да кажам дека погоре цитираната констатација од Извештајот на Советот на Европа е речиси идентична со благи модификации од една во друга година од 1996 година кога станавме членка на Советот на Европа до денеска.

Може за себе да мислиме што сакаме, вклучително и тоа дека сме деца на Александар Македонски кои ја описмениле Европа, но реалноста која се гледа во нашето огледало како што вели Мендела нема да ја сокриеме. Таа реалност треба да биде товар на колективната совест од која ќе може да се ослободиме само со сериозен граѓански притисок врз институциите задолжени во тоа огледало да ни овозможат глетка за себе си како народ кој посакува не само географски туку и цивилизациски да му припаѓа на високо развиениот свет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.