Техеран: Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар нема да ја запре Оската на отпорот и оти Хамас ќе продолжи да дејствува
Неговата смрт е несомнено болна за Оската на отпорот, но овој фронт не престана да напредува со мачеништвото на истакнати личности. Хамас е жив и ќе остане жив, посочи Хамнеи.
Синвар, организаторот на нападот на Хамас врз Израел на 7. октомври 2023 година, кој ја предизвика војната во Појасот Газа, беше убиен од израелските сили на 16 октомври.