Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХЕРА за ЦивилМедиа: Стапката на малолетничка бременост во Македонија е една од највисоките во Европа

0
By Marija Todorovska on September 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Матовска нагласи дека младите треба да имаат пристап до точни и проверени информации, едукација, слободни и отворени разговори на сите теми кои се најефикасното решение за вакви проблеми затоа што придонесуваат кон превенцијата на непланираната / малолетничката бременост. Задолжително да се обезбедат и достапни услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Информации за контрацепција, но и достапна контрацепција (бесплатна за млади и социјално исклучени категории).

Дехран Муратов 

Стапката на непланирана бременост кај малолетните девојки во Македонија е една од највисоките во Европа и таа изнесува 11%. Стапката на малолетнички породувања пак е 15,7 на 1.000, што е речиси трипати повеќе од просекот од 6 на 1.000 породувања за земјите од Европската Унија, вели Весна Матевска од ХЕРА за ЦивилМедиа.

Матовска додава дека во во изминатава година немаат добиено пријава за присилен брак.

„Присилните бракови се форма на родово засновано насилство и тоа задолжително значи пријавување на сторител и давање на поддршка на жртвата. ХЕРА преку своите сервиси, особено преку Прв семеен центар (ПСЦ), дава поддршка во делот на придружба на жртвата до МВР и Центар за социјална работа за пријавување на случајот, како и советувалишни услуги (советување со психолог и терапевти за жртвата)“, вели таа.

Матовска потенцира дека иако не постои најдобра возраст за забременување, сепак малолетничката бременост несомнено претставува проблем за секоја девојка, кој носи различни психолошки и социјални ризици.

„Напуштање на образовниот процес кој понатака значи и ускратување на можноста за соодветно вклучување на пазарот на трудот, неподговтеност на телото за носење на бременоста и за процесот на породување (поголеми компликации и ризици за животот на плодот и мајката има во случаите на малолентичките бремености), како и предизвици во процесот на одгледување на новороденото (дете треба да чува дете). Дополнително малолетничките и присилните бракови се форми на родово – засновано насилство кои се закана за растот и развојот на секоја млада девојка. Би ја спомнала и социјалната исклученост поради силната стигма типична за оваа ситуација, што несомнено влијае на психичкото здравје. Од друга страна, кога бременоста е непланирана, особено кај малолетни девојки, многу е веројатно да предизвика чувство на неизвесност, неподготвеност, исплашеност. Токму затоа е потребна континуирана поддршка и цел систем на превенирање на вакви состојби“, истакна таа.

Матовска нагласи дека младите треба да имаат пристап до точни и проверени информации, едукација, слободни и отворени разговори на сите теми кои се најефикасното решение за вакви проблеми затоа што придонесуваат кон превенцијата на непланираната / малолетничката бременост. Задолжително да се обезбедат и достапни услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Информации за контрацепција, но и достапна контрацепција (бесплатна за млади и социјално исклучени категории).

ХЕРА од своите почетоци работи на воведувањето на сексуалното образование во училиштата во соработка со клучните институции како и Бирото за образование. Правени се анализи и истражувања, се работеше на подготовка на материјали и градење на капацитети на наставници и родители, целиот процес е согласно нашиот контекст и препораките на Стандардите и препораките  на СЗО, УНЕСКО и УНИЦЕФ.

ХЕРА уште од 2005 година, преку директните сервиси Сакам да знам во Шуто Оризари и Водно работи на подигнување на свеста за планирање на семејство и превенција од малолетнички бремености. Освен нудење на бесплатна контрацепција (кондоми, орална контрацепција/ пилули и спирали) и бесплатни тестови за бременост, се даваат и бесплатни советувања, консултации и едукации со гинеколог за младите, но и за семејтвото, родители/ старатели на малолетните лица.

„Едукацијата е заначајно да биде обезбедена во континуитет и низ годиниве сме присутни и достапни за сите млади лица преку нашите директни сервиси Сакам да знам, но и преку организирање на работилници во соработка и партнерство и со училишта и други локални организации“, вели таа.

Текстот е во сопственост на Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.