Израелската војска, ИДФ соопшти дека една од 10 ракети кои ги лансирала либанската паравојска Хезболах паднала во областа на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив но дека нема повредени.
Војската наведува дека израелската противвоздушна одбрана ги пресретнала речиси сите од десетте ракети кои ги лансирал Хезболах.
Цивилните аеродромски власти соопштија дек воздушниот сообраќај е во редовна функција.