Загреб: Тим хирурзи во болницата Дубрава вгради мозочен стимулатор на 67 годишен маж со Паркинсоновата болест кој речиси бил неподвижен. Пациентот е пуштен на домашна физикална терапија и закрепнување.
Во изминативе 24 години во болницата Дубрава се врши длабока мозочна стимулација но рвиот пациент со оваа најнова технологија бил опериран на крајот на март.
Станува збор за 67-годишен загрепчанец кој сега, по операцијата, е пуштен на домашно закрепнување. Денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие, велат од лекарскиот тим.