Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(И пред и) По средбата Радев-Силјановска: Евроинтеграциите на Северна Македонија зависат само од „Вила Водно“ и „Илинденска 2“  

0
By Zoran Ivanov on September 14, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Радев и Главчев ги „пресретнаа“ предвидливите вербални маневри (на делегацијата) на Силјановска-Давкова со изјави уште пред средбите.

И само го повторија познатото – дека Северна Македонија за членство во ЕУ не преговара со Бугарија (каква и да е Владата таму), туку со ЕУ. Тоа е причината и за отсуството на заеднички прес на Силјановска-Давкова по средбата со Радев.

 Ивон Величковски

Значи од “Белата Палата” + ВЛЕН и ЗНАМ. Опозицијата е јасно за.

  1. Официјалното гостување на НУ „Опера и балет“ во Софија и неофицијалната средба на Силјановска-Давкова со Радев беше добар обид за суштинска комуникација (на ниво на шефови на држави).

Но избегнувањето на Силјановска-Давкова да биде институционален фактор за дополнување на Преамбулата поради субмисивност кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја сведе на курир на пораките на Радев.

  1. Вчера се потврди дека и Софија и Брисел имале толеранција за предизборна реторика на ВМРО-ДПМНЕ, но немаат разбирање за владината политика на Мицкоски за “репреговарање со Софија на договореното со Брисел” и за фактичко одложување на ЕУ-интеграциите на Северна Македонија.

Оттука преку симболиката на средбите и пораките пред нив, не беше оставен простор за нивно толкување од официјално Скопје според дневно-партиски и пропагандистички потреби.

  1. Радев и Главчев ги „пресретнаа“ предвидливите вербални маневри (на делегацијата) на Силјановска-Давкова со изјави уште пред средбите.

И само го повторија познатото – дека Северна Македонија за членство во ЕУ не преговара со Бугарија (каква и да е Владата таму), туку со ЕУ. Тоа е причината и за отсуството на заеднички прес на Силјановска-Давкова по средбата со Радев.

  1. Конкретната порака до „Белата Палата“ и нивните функционери во „Вила Водно“ и „Илинденска“ 2 е дека веќе не може да сметаат на играта „добар полицаец – лош полицаец”. И таа само е соопштена од Софија.

Силјановска-Давкова знае дека според член 130 од Уставот и таа е овластен предлагач за пристапување кон измена на Уставот.

И така од вчера се стави на тест дали би си ја нарушила политичката комоција во интерес на нацијата. Според нејзиниот вчерашен и досегашниот тридецениски политички перформанс – одговорот е Не.

  1. Оттука, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сосе коалицијата во Владата се во стеснета политичка и временска рамка за правилни одлуки и постапки за деблокирање на националниот евроинтегративен процес.

Затоа наместо по подкасти да бара „решение од народот за да го врати името“ и наместо пасив-агресивно да толерира внатре-етничка и меѓуетничка поделба – (Владата на) Мицкоски 100 дена по формирањето мора да се помири и да признае дека:

А) Преспанскиот договор е решение на билатерално нерешлив спор којшто се надмина преку ОН и благодарение на тоа сме во НАТО,

Б) “Францускиот предлог” како механизам (и самиот “Софиски договор”) е решение преку кое Брисел го води Скопје во полноправно членство во ЕУ, според јасна Преговарачка рамка и преговарачки процес,

В) Преспанскиот, „Софискиот“ и Рамковниот заедно се целина што ја стабилизира и засилува и нацијата на Северна Македонија и македонскиот народ во неа.

На ова е потребно да се потсетат и дипломатските претставници во Скопје, пред и тие и сите ние да се соочиме со повторување на политичката атмосфера од 1997 кон која итаме, со сите последици потоа.

Оти 1997 ни го саботираше влезот во “Агендата 2000”. Во 2024 се саботира проширувачкиот пакет на ЕУ Албанија + Северна Македонија.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

ееу интерации радев сиљанивска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.