Тел Авив: Телата на шест заложници беа извлечени од Појасот Газа, соопшти израелската војска рано утринава.
Шестте тела беа пронајдени во подземен тунел во областа Рафа на југот на Појасот Газа и пренесени во Израел, соопшти израелските одбранбени сили (ИДФ) на Телеграм.
Сите шест лица биле киднапирани за време на терористичкиот напад врз јужен Израел, на 7 октомври 2023 година, што го предводеше Хамас, соопшти ИДФ.
Според портпаролот на армијата, заложниците биле убиени од киднаперите непосредно пред да бидат пронајдени нивните тела.