Диана Тахири: Босна и Херцеговина се наоѓа пред сериозен тест – дали институциите на државата ќе имаат сила да ги спроведуваат законите подеднакво на целата територија, или политичката моќ и заштитата на структурите на ентитетите ќе продолжат да го уриваат државниот поредок? Секако, и Европската унија, којашто досега немаше некаква отсечна реакција за однесувањето на Додик, освен реакциите на Австрија и Германија, доколку набргу не реши како ќе настапи по ова прашање, ќе има дополнителна одговорност, покрај институциите на БиХ.
Извор: ЦивилМедиа