Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илјадници Унгарци протестираа против пропагандата на државната телевизија, бараат непристрасни медиуми

0
By Zoran Ivanov on October 6, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илјадници луѓе денеска се собраа во Будимпешта пред централата на Унгарската државна медиумска компанија – MTVA барајќи крај на „владината пропаганда“ во медиумите.

Државната телевизија MTVA долго време е обвинувана дека е гласник на премиерот Виктор Орбан, ретко објавувајќи критички вести за неговите постапки и критикувајќи ги сите кои се сметаат за негови противници.

Денешниот протест беше организиран од партијата ТИСА на опозицискиот лидер Петер Маѓар.

Нашето трпение се исцрпи, време е да ги расчистиме сметките, изјави Маѓар пред демонстрантите. На некои од плакатите кои ги носеа демонстрантите беше напишано „Независни јавни медиуми“.

Маѓар се осврна на како што рече, штетата што „фабриката за пропаганда“ на Орбан и ја направи на унгарската демократија.

Она што постои овде во Унгарија во 2024 година и се нарекува себеси „јавни медиуми“ е глобален скандал, рече Маѓар пред насобраните. Доста со гадости, доста со лаги, доста со пропаганда, рече тој.

Маѓар побара оставка од директорот на унгарскиот јавен сервис и ги повтори поплаките на многу опозициски политичари дека не им се дава можност да излезат на државната телевизија за да комуницираат со гласачите.

Во мај државната телевизија ја организираше првата предизборна дебата од 2006 година, откако Маѓар се закани дека ќе организира протести пред централата.

На европските избори во јуни, ТИСА освои речиси 30 проценти од гласовите, позиционирајќи се на второ место, веднаш по партијата ФИДЕС.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.