Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИМА: Медиумите неотпорни и „соучесници“ во политичките манипулации

0
By Zoran Ivanov on October 9, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставните измени и евроинтеграциите на земјава биле едни од најзастапените теми во медиумските известувања за време на изборната кампања, но без аналитички пристап. Известувањата во медиумите генерално се засновале на изјавите на политичарите, покажуваат анализите објавени во публикацијата на Институтот за медиуми и аналитика -ИМА

Според новинарката и уредничка за надворешна политика во „Независен“ Слободанка Јовановска, во медиумските известувања немало аналитички пристап за тоа што значи усвојувањето на уставните измени, односно какви придобивки или евентуални штети би имало по државата, а немало ниту обиди да се анализира како политичарите ги менувале ставовите пред, за време и по изборната кампања.

Евроинтеграцијата подолго време се користи како тема со која се уриваат влади, се носат нови. Едноставно не се бараат решенија, туку темата се експлоатира политички за постигнување на политички цели. Оваа тема доминира во овој период. Иако има осцилации во тоа колку се следеше ова прашање факт е дека пред кампањата многу се експлоатираа уставните измени и целата тема не беше толку гледана од аспект што значи тоа за државата, односно да се анализира какви штети или придобивки евентуално би направиле уставните измени, туку повеќе ова прашање беше гледано од аспект дали ќе се усвојат уставните измени или дали тоа прашање ќе доведе до одржување на вонредни парламентарни избори, рече Јовановска на денешната панел дискусија „Како известуваа медиумите за евроинтеграциите пред и по изборите“ во организација на ИМА.

Она што неа ја изненадило како долгогодишен новинар, е тоа што во медиумите биле пренесувани само ставовите на политичарите, без притоа да се направи обид да се покаже како самите партии не опстојувале на своите ставови што ги кажувале пред кампањата и после тоа.

Според Сефер Тахири, универзитетски професор по новинарски и јавни комуникации, во медиумите на албански јазик преовладувало позитивно известување во однос на уставните измени и Францускиот предлог, но и тој се согласува дека и таму немало аналитички пристап, туку известувањето се засновало на изјавите од политичарите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.