Што губат Бугарите во Македонија со овој инает. Што добива Македонија? И што ја кошта Бугарија да не држи на јадица додека не попуштиме. Со овој инает без рок ли Македонија ќе ја правиме одново горда?
Ѓорѓи Спасов
Мицковски рекол: Бугарите влегуваат во Устав кога ние ќе влеземе во ЕУ. Тоа за сега значи: Ниту ние ќе влеземе во ЕУ ниту Бугарите во Уставот. Тоа е пораката на Мицковски. А што добиваме во меѓувреме? Граѓаните во Македонија од малубројната етничка заедница на Бугарите, и без да се споменати во Уставот, ги остваруваат сите нивни граѓански права и се заштитува и унапредува нивнот етнички идентитет. А ” ние” останатите ќе чекаме на влез во ЕУ додека Бугарија и ЕУ не прифатат да го менуваме Уставот за таа цел дури откако ќе сме станеле членка во ЕУ. Како ли само го смислија овој бесмислен инает без рок? Само треба да објаснат. Што губат Бугарите во Македонија со овој инает. Што добива Македонија? И што ја кошта Бугарија да не држи на јадица додека не попуштиме. Со овој инает без рок ли Македонија ќе ја правиме одново горда?
Од Фејзбук ѕидот на авторот