Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Историјата на израелско палестинскиот конфликт од 1947 до денеска

0
By Борјан Јовановски on July 22, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

1947 Генералното собрание на ООН одлучи историската територија на Палестина да се подели помеѓу Евреите (една третина од населението населена на 55% од територијата) и Арапите (две третини од населението на околу 45% од територијата). Ерусалим беше дефиниран како подрачје под директна контрола надлежност на ООН. Палестинците ја одбија оваа поделба.

14 мај 1948 Прогласена е државата Израел а веќе на 15 мај започна нападот на арапските воени сили.. Последица од воениот судир е 750 000 бегалци Палестинци и протерување на исто толку Евреи од арапските држави. Израел по овој конфликт презеде под контрола скоро 80% од територијата на Палестина.

1958 Во Кувајт се формира Движењето за ослободување на Палестина, Фатах. Меѓу основачите на ова движење е Јасер Арафат.

1964 Одржан е првиот палестински национален конгрес на кој е основан Палестинското ослободително движење ПЛО.

1967 Започнува шест дневна војна во која Израел го окупира Западниот брег на реката Јордан, Голанската висорамнина во Сирија, Синајскиот полуостров и Газа во Египет, и Источен Ерусалим во Јордан

1968-1970 Во овие две години се води војна меѓу Израел и Египет. Египќанците се обидуваат да го вратат под контрола Синајскиот полуостров.

1973 Започнува Јомкипурската војна. Египет и Сирија го нападнаа Израел по што Израелците се повлекоа на линиите на раздвојување од 1967 година

1978 Египетскиот претседател Анваер Ел садат и израелскиот премиер Менахем Бегин потпишаа договор во Кемп Дејвид (САД) по 13 дена тајни преговори во таа воена база на САД.

1979 на 26 март Садат и Бегин потпишаа мировен договор помеѓу двете држави. Со овој договор се стави крај на 13 годишниот конфликт помеѓу Израел и Египет.

1982 на 25 април се повлечени и последните израелски војници од Синај со што заврши 15 годишната окупација на оваа територија од страна на Израел

1988 По мирната палестинска побуна, интифада, прогласена е независна држава Палестина која до денеска во различни форми ја признаа речиси 130 држави. Прогласувањето на државата Палестина предизвика протести . Во протестите имаше жртви на двете страни. Тие завршија во 1993 со потпишувањето на договорот во Осло на 13 септември. Договорот предвиде движењето ПЛО да биде признато како претставник на Палестинците а ПЛО од своја страна прифати правото на постоењето на државата Израел. Договорот од Осло е потпишан во Вашингтон. Со него се предвиде создавање на Палестинска автономија на Западниот брег и во појасот Газа.

1995 Склучена е спогодбата Осло 2 со која Западниот брег се дели на четири зони.

2000 година Започна втората интифада. Протестите се трансформираа во вооружени судири во повеќе градови – Назарет, Рамали, Јенин и Газа.

2007 Започна внатре арапскиот судир помеѓу радикалниот Хамас и Фатах. Хамас ја превзема контролата врз Појасот Газа а Фатах на Западниот брег.

2008 Израелската армија ја започна операцијата Лиено олово како одговор на континуираното лансирање на палестински ракети на јужната територија на појасот Газа.

2011 Се поднесува барање Палестина да стане рамноправен член на ООН

2012 на 14 ноември израелската армија го уби Ахмед Јабари, шеф на военото крило на Хамас во Газа. Хамас одговори со ракетен напад врз повеќе градови во Израел. Израел по овој напад ја започна операцијата „Столб на одбраната“ со образложение дека таа е одговор на зголемениот број на ракетни напади врз неговата територија.

 
2012 на 29 ноември Палестина од држава набљудувач во ООН добива статус на држава не-членка на оваа организација со што и се овозможува и пристап до Меѓународниот кривичен суд.

2013 Започнуваат мировни разговори меѓу Израел и Палестина. Оваа е трет обид да се постигне траен мир. Преговорите започнаа од како Израел ослободи 26 Палестинци или само една четвртина од групата затвореници од Палестина. Договорено е сите 104 затвореници да бидат пуштени на слобода најдоцна до крајот на март 2014 во групи по 26.

2014 Во април оваа година на слобода се три четвртини од затворениците но не и последната група од 26 како што беше договорено во 2013 со посредство на САД. Палестина објавува дека мировните разговори ќе бидат прекинати доколку Израел не ги пушти на слобода последните 26 Палестинци до 29 април како и ако не ги прекине изградбите на населби на Западниот Брег.

23 април се зголемуваат тензиите по одлуката на палестинското раководство да склучи договр за помирување на Хамас. Израелскиот премиер Нетањаху изјави дека Палестина го избрала Хамас наместо мирот

30 април последната рунда од мировните разговори завршува без резултат

2 јули пронајдено е тело на мртов палестински тинејџер, само ден по погребот на трите израелските тинејџери киднапирани и убиени на Западниот Брег. Двата инциденти ги зголемија тензиите по што започнаа и ракетни напади од двете страни во Јужен Израел и Газа. Премиерот Нетањаху изјави дека ќе ги превземе сите мерки за да се пронајдат убијците на палестинскиот тинејџер.

7 јули притворени се неколкумина Израелци под сомневање дека го извршиле убиството на палестинскиот тинејџер.

9 јули Стотици ракети се исфрлени врз Израел од милитантни групи во Газа. Анти ракетниот штит на Израел успеа да пресретне ракета над Тел Авив. Како одговор на овие напади Израел отпочна воздушен напад врз Газа. Убиени се стотина Палестинци.

17 јули Израел започна копнена офанзива врз Газа. Израелските власти соопштија дека целта на операцијата е тунелот во близината на границата со Газа кој се користи за премин на израелска територија.

22 јули Палестинските власти соопштија дека во серија на израелски воздушни напади денеска загинале најмалку 11 лица во Појасот Газа, меѓу кои и една бремена жена. Бројката на жртви порасна на 600 откако израелската војска ја започна офанзивата со цел да ги запре ракетните напади на Хамас од Појасот Газа на нивна територија. Според палестинските власти, најголем дел од жртвите се цивили.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.