Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Историска фарса

0
By Zoran Ivanov on October 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога во 2022 година, веднаш после усвојувањето на преговарачката рамка, целиот фокус на јавноста, беше наменски насочен кон забрана на историски личности и имиња, со заеднички сили на “проевропската СДСМ” и “анти-европската ВМРО-ДПМНЕ”; наместо на уставните измени, кои до ден денес се незавршена обврска; дали всушност заедничката цел беше: не ревизија, туку бришење на историјата?

Односно бришење на “спорните делови” од историјата? А, под “спорни” во нашиот случај, е секоја врска со “заедничката и споделена” историја со Бугарија, на сметка на единствено можната “заедничка” историја со Србија, под параванот на некогашна Југославија?

Никица Корубин

Историјата, за разлика од желбата на многумина, не познава прекини во времето и просторот. Таа е всушност нивниот континуитет, со или без наша желба, и особено со или без наше знаење. Кое знаење, кога станува збор за историјата, е фундаментално клучно за разбирање на сегашноста. Историја базирана на факти.

Па, така и оваа наша фаза, во која се наоѓаме како држава и општество, е само след на сите претходни настани и постапки. Кои како такви ќе ги предизвикаат сите последици. Оттаму, клучното прашање е кои последици се очекуваат со ваквото постапување, базирано на лаги и манипулации, наместо на факти?

Последната фарса, која е на рамниште на стилски оксиморон (спојување на противречни поими), е вчерашната вест дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која е самопрогласен наследник на историската организација ВМРО (со различни имиња низ историјата); регистрирала здружение “ВМРО ДПМНЕ Србија”, правно легитимно и суштински накарадно. И без никаква дилема, строго наменски.

Овој историски оксиморон “ВМРО и Србија” во иста реченица, е само желба, која патем речено формулирана во нашиот наследен и наменски креиран историски наратив постои долго време; за вештачки прекин(и) во историјата и пополнување на тие создадени празнини, со манипулации од секаков вид. И за конкретна потреба. Ама, прекини во историјата не може да постојат, може да постои само создавање на перцепција, што е историјата. А, оваа фарса е, се чини, завршниот чин.

Кога во 2022 година, веднаш после усвојувањето на преговарачката рамка, целиот фокус на јавноста, беше наменски насочен кон забрана на историски личности и имиња, со заеднички сили на “проевропската СДСМ” и “анти-европската ВМРО-ДПМНЕ”; наместо на уставните измени, кои до ден денес се незавршена обврска; дали всушност заедничката цел беше: не ревизија, туку бришење на историјата?

Односно бришење на “спорните делови” од историјата? А, под “спорни” во нашиот случај, е секоја врска со “заедничката и споделена” историја со Бугарија, на сметка на единствено можната “заедничка” историја со Србија, под параванот на некогашна Југославија?

Но, за разлика од “историската врска” со Бугарија, но и Грција, Албанија како дел од културата и цивилизацијата на Источниот Медитеран, врската со Србија, како дел од сите фази на Југославија е “политичка врска”, непостоечка пред 20-от век, самостојно, туку само како дел од поголеми империи (Византиска, Османлиска), надвор од територијалниот хегемонизам и доктрината на “етносот над територијата” односно, присуството на етносот ја определува припадноста на територијата.

Најновата фаза, кога е српскиот хегемонизам во прашање, е т.н “српски свет”, кој се протега во нивната перцепција секаде каде што живеат Србите и “српската култура”. Кој претставникот на БИХ го образложи како конкретна опасност по мирот и стабилноста на Балканот на последната сесија во Обединетите нации.

Оваа застарена 18 и 19-вековна доктрина на етноцентризам, воскресната во деведесеттите и бруталните војни во поранешна Југославија, и одржувана до денес, суштинска ја негира територијата на државите, како модерна категорија на граѓанско општество, кој идентитетот и идентитетите ги гради и негува, во рамките на сопствената територија.

Оттаму е клучен дополнетиот член 3 од уставот, како дел од Времената спогодба и Преспанкскот договор, односно од нашето членство во Обединетите нации: “Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”. Па, така “копијата на српскиот хегемонизам” на нашето мешање, противуставно, за “правата на Македонците во соседните држави” е суштинска негација на негување на македонскиот идентитет во рамките и границите на сопствената држава.

Што не’ враќа на фарсата од почетокот на текстот, и обидот за “прекини во историјата”. Ако, хипотетички, го избришеме “неподобниот” дел од нашата историја историското ВМРО, нема да направиме временски скок во историјата и да се вратиме на посакуваната дестинација во минатото и нема да имаме “чист” идентитет; туку ќе немаме никаков идентитет. Или во најмала рака, наменски и вештачки. Но, за кого наменски и од кого создаден, е прашање само за оние кои мислат дека контролата во сегашноста, по автоматизам означува и контрола на минатото. Последици од долготрајната изложеност на пропагандата.

Која изложеност и постоење, има цел на трајно губење на вербата во сопствениот идентитет, која верба пак, постојано се супституира со потреба од “додворување и негување” на другите кон нас. Па, неретко се карактеризира како “брилијантноста на Србија” да ја искажува својата “љубов кон Северна Македонија” (преку медиумско, културно, финансиско присуство), за разлика од “неспособноста на Бугарија” да ја придобие љубовта на Македонците?

Зошто воопшто еден зрел народ, свесен за сопствениот идентитет и културното наследство на сопствената територија, која го гради тој идентитет; би имал потреба од тутор? Па, нели тоа е всушност “зависна позиција” од “љубовта на другиот”? Која “љубов” секогаш завршува со присвојување.

За лингвистичката разлика на “етничкото потекло” и “етничката припадност”, знае секој добар историчар, историчар на уметноста, археолог, класичар и етнолог. А, ние конечно треба да решиме самите за себе, да ја почитуваме и вреднуваме нашата припадност кон нашата држава, на оваа наша територија, која со себе носи огромна култура и цивилизација. И да бидеме достоен, зрел и кредибилен дел од заедничката современа култура. А, не фарса на самите себе во служба на другите.

Од Фјзбук ѕидот на авторката

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.