Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Историска“ одлука без одлука: Како Советот на Скопје реши да не реши ништо

0
By Zoran Ivanov on December 26, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 26, 2025 16:20

Ако сакаат некој сериозно да ги сфати, градските „мајки и татковци“ треба да донесат обврзувачка одлука, не „барање“, „обраќање“ или „задолжување“. Мора да постават краен рок за спроведување на одлуката. Имаат обврска тоа да го стават во правна рамка – закон, член во законот, правни механизми… И буџет! Да, буџет, колку целата операција ќе чини и од кого се бараат тие средства.

Џабир Дерала

Читам вест дека, на иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на седницата на 25 декември едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина.

Навидум, ова е вест на денот и многу повеќе. Јас би рекол и вест на деценијата.

Сега можеме да дишеме со полни гради, спокојно.

Или?

Заклучокот што го усвои Советот на град Скопје звучи навистина важно, силно, моќно. Но во суштина се работи за процедурален, симболичен и необврзувачки заклучок. Нема ништо да се случи. Како што не се случи ништо ни со веќе не знам колку слични иницијативи, па и разни одлуки за справување со големите загадувачи во Скопје, што ги наследивме од поранешната социјалистичка Федерација. Освен што се приватизираа и од општествена сопственост тие прејдоа во приватни раце, големите фабрики и (уште поголеми) загадувачи останаа таму каде што „големите“ стратези од социјалистичкото минато ги насадија. Океј, некои од нив целосно пропаднаа, а остатоците од нив беа исчистени, нешто и изгоре (Треска), а на нивно место изникнаа зградите на приватните градежни инвеститори, кои нагалено си ги викаме урбана мафија.

Ја читам веста по втор пат и се смеам.

„Се задолжува градоначалникот да се обрати до Владата…“

Бре-бре-бре. Како не се сети никој на ова последниве 35 години? Или се сети и на сличен начин ги мачкаше очите на јавноста и порано, како и оваа гарнитура сега. Тоа е исто како на скопјаните што се задоволни од оваа вест да им кажете – стар виц, нова будала.

Сериозно, што значи ова „се задолжува градоначалникот да се обрати до Владата…“

Тоа не значи ништо освен дека никаква процедура, всушност, и не е почната. Не постои правен процес, ниту е покренат. Нема крајни рокови. Нема обврски што се предлагаат, бараат или наметнуваат во агендата на владата. Градот, пак, не презема никакви обврски од своја страна.

Накратко, ова е задолжение да се задолжи некој за нешто во некоја бескрајна перспектива. Ниту нешто значи административно, ниту ќе значи нешто во поблиска или подалечна иднина. Значи, не добивме документ или акт за политики, туку соопштение за медиумите. Кое советниците го составувале цели 13 часа – нели, толку траела расправата.

„Се задолжува Град Скопје да се обрати до Министерството… со барање за испитување…“

Постелете ми душек да паднам во несвест!

Па министерството веќе има законска обврска да спроведува инспекции кај загадувачите. Градот, колку што знам јас (исправете ме ако грешам), има ограничени ингеренции во поглед на дозволите за индустриска дејност, а уште помалку ингеренции за спроведување забрани и санкции.

Да не спомнувам (повторно) дека ова не е новост, ниту како изјава, ниту како, ајде да ја наречам, иницијатива. Најмногу што може да биде е – формален потсетник за институцијата што секако ги има обврските да го работи тоа што градските „мудреци“ го дебатирале дури 13 часа, како што се пофалија.

Да не биде ова дека само критикувам, еве што би било вистински добро завршена работа во корист на здравјето на луѓето.

Пред сè, ако сакаат некој сериозно да ги сфати, градските „мајки и татковци“ треба да донесат обврзувачка одлука, не „барање“, „обраќање“ или „задолжување“. Мора да постават краен рок за спроведување на одлуката. Имаат обврска тоа да го стават во правна рамка – закон, член во законот, правни механизми… И буџет! Да, буџет, колку целата операција ќе чини и од кого се бараат тие средства.

Исто така, мора да биде јасно што ќе се случи, односно кои се последиците, правни и политички, ако одлуката не се спроведе навреме.

На крајот, потребна е јасна институционална одговорност. Кој е задолжен за што и на кој начин.

„Историскиот“ заклучок на Советот на град Скопје не содржи ништо од ова. Да не се лажеме.

Ако некој се прашува што се случува, сакам збор-два да кажам и за тоа, особено за помладите на кои ова можеби им изгледа како нешто ново и конкретно.

Не е ни ново, ниту конкретно.

Ова е класична постјугословенска односно балканска манипулација со јавноста –симболичен консензус без ниту една извршна консеквенција. Овој „историски“ потег на градските советници единствено им служи на политичарите да покажат „божиќно единство“ (“едногласно”, 41 гласа за), да добијат медиумско внимание, да го менаџираат гневот на граѓаните – поточно – да го задушат со манипулација (подобро отколку со солзавец).

Градските функционери ја сервираа топката за потоа да почнат со бескрајното додавање меѓу институциите на државно и локално ниво – министерства, локална самоуправа, влада, разни агенции, па експерти, па… и така во круг.

При сето тоа, сите заедно избегнуваат било каков политички или правен ризик. Само брмчат, но без конфликт, а секако и без ефект.

Затоа, дишете слободно. Ако имате чувство дека „нешто се случува или менува“, дека „се носат одлуки“ и дека „конечно, политичарите сторија нешто“, не се грижете – нема ништо од тоа. Освен што ќе ви ги затворат устите да не зборувате, што е можеби добро, бидејќи воздухот е навистина ужасно загаден.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

колумна Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
ФОКУС
December 30, 2025

Москва: Поради украински дронови големи делови од градот останаа без струја

ВЕСТИ December 30, 2025

Масовен прекин на електричната енергија го погоди Московскиот регион оставајќи стотици илјади жители без струја,…

Трамп: Уништивме голем магацин – САД извршија копнен напад врз Венецуела  

December 29, 2025

Сведочења: Судењето за дискотеката „Пулс“ денеска

December 29, 2025

Трамп по средбата во Флорида: Донбас останува “трнлива тема“

December 29, 2025
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.