Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовската влада инсистира да се отвори мостот на Ибар, меѓународната уште поостра; Курти ги повика српските граѓани да ги конвертираат возачки дозволи

0
By Marija Todorovska on August 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Д. Тахири

Во Северна Митровица вчера се изврши тестирање на тешки возила врз мостот на реката Ибар, пред најавеното отворање од страна на косовската влада, а беше организирана и јавна дебата за придобивките од отворањето. Но, меѓународната заедница побара тоа прашање да биде дел од дијалогот со Србија, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од Албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- Прес.

КОСОВО

Газета Експрес-  Тестирање на мостот на Ибар: Владата инсистира на отворање, меѓународната уште поостра

Тешки камиони се забележани во четвртокот на мостот на реката Ибар, кои ги договори Владата на Косово. Целта беше да се тестира издржливоста на мостот кој Владата се подготвува да го отвори иако меѓународната заедница  побараа таквото прашање да биде дел од дијалогот.

За да ја оправдаат одлуката за отворање на мостот за сообраќај на возила, Владата и општина Северна Митровица организираа јавна расправа, но многу малку граѓани се одзваа на поканата.

Некои српски граѓани изразија загриженост дека отворањето на мостот на реката Ибар може да ги зголеми меѓуетничките тензии.

За време на дебатата, претставници на Владата на Косово и на полицијата понудија безбедносни гаранции во случај на отворање на мостот за сообраќај – цел на која се противат локалните Срби и меѓународната заедница.

А неколку часа подоцна, мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, ја демантираше Владата на Косово во врска со тестирањето на мостот на реката Ибар.

Од КФОР изјавија дека техничкиот преглед на мостот на реката Ибр во Митровица не бил координиран со нив.

„Свесни сме за извештаите дека техничкиот преглед на мостот на реката Ибер во Митровица е координиран со мисијата КФОР предводена од НАТО. Тоа не е точно“, изјави портпаролот на КФОР.

„Нашата изјава од 6 август 2024 година беше јасна: командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, беше известен од директорот на косовската полиција на денот на првичната проверка, само неколку часа пред да започне“, пренесува Газета Експрес.

РТК: Курти ги повика српските граѓани да ги конвертираат  своите возачки дозволи, рокот е продолжен за уште две недели

Премиерот Албин Курти ги покани српските граѓани на Косово, кои се уште не поднеле барање за претворање на нелегалните возачки дозволи во легитимни, да го сторат тоа до 23 август.

Курти во објава на платформата „Х“, соопштувајќи дека рокот е одложен до 23 август, им се заблагодари на сите граѓани кои позитивно одговориле на повикот за пријавување.

„За три месеци добивме вкупно 5.588 барања од наши сограѓани од Србија за претворање на возачките дозволи од оние издадени од диви и паралелни структури од Србија во легитимни и официјални на Република Косово.

Поради големиот интерес, решивме да го одложиме рокот за уште две недели, изјави Курти, пренесе РТК.

РСЕ: Министерството за надворешни работи го потврди пристигнувањето на  телото на Фатон Хајризи на Косово

Министерството за надворешни работи и дијаспора соопшти дека мртвото тело на косовскиот државјанин Фатон Хајризи, кој беше убиен во Љозница, Србија, пристигна на Косово.

„По пристигнувањето на мртвото тело на косовскиот државјанин, надлежните институции на Република Косово спроведуваат натамошни форензички постапки за негова идентификација и проверка“, се вели во соопштението од МНР, пренесе Радио Слободна Европа.

АЛБАНИЈА

АБЦ – Продолжен мандатот на амбасадорите/ Нов закон: Од 3 на 4 години, ќе служат до два мандата

Мандатот на амбасадор, во дипломатско седиште, нема да биде 3, туку ќе трае 4 години. Ова е една од измените предвидени во новиот предлог-закон за дипломатска служба, неодамна поднесен на јавна консултација.

Во важечкиот закон, кој последен пат беше изменет во 2015 година, предвидено е дека: „Функцијата на шеф на дипломатската мисија по правило е 3 години“. Но, во новите измени е ставен во ограничување во однос на правото за вршење на должноста амбасадор или конзул.

Член 32 точка 6: Мандатот на шефот на дипломатската мисија е четири години. Шефот на дипломатската мисија не може да врши повеќе од два последователни мандати во дипломатските претставништва и конзуларните претставништва“, пренесе АБЦ.

КОЛУМНА

Коха: Водич за заштита на демократијата (1)

Ова е и нашата предност денес. Имаме луксуз да учиме од грешките на нашите предци.

„Ова е и причината зошто ми беше корисно да ги посветам следните две колумни на петте лекции што можеме да ги научиме од колапсот на демократиите од минатиот век.

Во првата колумна ќе видиме зошто секогаш кога лидерите зборуваат за „вонредни“ околности, треба да ги вклучуваме алармите на демократијата.

Вокабуларот „вонредно“ историски има за цел да создаде алармантна средина и да го подигне чувството на несигурност кај граѓаните со цел да го урива постојниот демократски поредок под превезот на „вонредни“ околности.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Водич за заштита на демократијата (1)“, објавена во Коха.

Извор: Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025
ФОКУС

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

ВЕСТИ October 17, 2025

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални…

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025
ТИКЕР

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.