Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

0
By Zoran Ivanov on November 7, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Како се победува на избори во место во кое власта долго и не смееше да стапне – а и сега тоа го прави со специјални мерки – е доказ случајот на градот во кој животот го изгубија 64 лица, а 200 се со полесен и повисок степен на инвалидитет. Главниот обвинител овој случај го нарече „пад на целиот систем“. Е тој систем победи со многу трикови и предавства, па стана парадигма за целиот изборен процес. Па така излегува дека – сите паднавме на овие избори.

Љубомир Костовски

Постојат многу начини да се окарактеризираат какви биле овие локални избори. Власта и нивните патрони во разните политички кампуси, како и медиумите според изборот на гостите после гласањето, како присутни во студијата ја одредија маргината – се бројат само освоените градоначалнички места.

Што друго како критериум за оценување не беше земено предвид за да се добие реална слика?

На пример – големиот број на пречкртани ливчиња или испишани со пораки кои ги правеле неважечки – близу шест дивизии, мерено со војнички речник. Голем број, права армија. Факт е дека тие околу 54 илјади граѓани кои направиле својот глас да е неважечки, во вториот круг се намалил на 19 илјади (од кои само во Скопје се 10 илјади) не го менува фактот дека ако тие гласови, макар и во вториот круг би биле разместени по скопските општини, можеле целосно да ја сменат сликата за освоените градоначалнички места. Не го заборавајте тоа, славеници.

Вториот елемент, а веројатно и прв по својата габаритност, лежи во фактот на големата неизлезност на електоратот, што може да се смета за недостаток на понуда. Обично во теоријата тоа така и се толкува. Во принцип, на било кои гласања во земјава, бројката од 50 отсто излезност била надмината, а сега одвај стигна, во вториот круг, до излезност од 41 отсто. Тоа нѐ води до еден од оние умни мисли на Фејсбук – дека на овие избори победија оние кои останаа дома, од било кои причини. Да не заборавиме дека полицијата беше многу активна меѓу двата круга и тоа онаму каде власта – погодете – губеше во првиот круг.

Росоман беше една недела под опсада, Демир Капија стана позната по тоа што еден сосед во униформа го апси другиот сосед, иако го познава како брат да му е, бидејќи разнесувал политички материјали, а бил без лична карта. Демир Капија е тоа, еј! Тоа е како полицаец да ме сопре додека го фрлам ѓубрето во контејнерот, а сум во тренерки во кои нема џебови, нели. Слично е во другите градови на југоистокот како подрачје каде владејачката партија губеше во првиот круг – полициско присуство без основа, ноќни патроли.

Се вративме во времето кога МВР беше ВМРО, како што велеше министерката Јанкуловска, а Мијалков одеше по дворовите и ги прашуваше жителите – што имате вие против оваа власт, дај да видиме како да ви помогнеме… И помагаа – да дојде до пресврт. Пребројте ги општините каде имаше пресврт и видете со каква дребна разлика, просто народски речено „кусур“  е преземено Крушево, Дојран и други општини.

Говориме за таков притисок што две општини, Могила и Македонски Брод практично немаа избори, бидејќи, двајцата директни конкуренти се повлекоа без валидно објаснување, но нивните сограѓани, односно соселани, ја објаснија работата, пред сѐ, дека притисокот врз кандидатите и нивните семејства бил страшен. А и ова влегува во скорот иако за нив на ТВ дебатите ниту еден од поканетите овој момент не го спомена. Всушност се одеше кон тоа сѐ да се сведе на најпроста „изборна математика“ во која се бројат првите места во општините а не – да речеме – бројот на советници, кои ја оставаат СДСМ на пример на лидерската позиција во опозицијата (извини, Левица) и таа е клучна во вреднувањето на насоките и квалитетот на дебатите во локалните парламенти! Или тоа не е битно за голем дел од нашите, ѓоамити либерални и независни дебатери пред камерите?

Кога говориме за присуството на органите на редот и државната пресија најсликовит е примерот на Кочани. Власта победи таму каде практично долго не смееше да стапне – омразата ќе ги изедеше онака, преку воздух, бидејќи, таа продираше во сите пори на обвинетите и оние заборавени на списоците на обвинителите. Но оваа власт просто е оперирана од срам, се виде тоа и во случајот со брутално прегазената Фросина Кулакова, чиј татко се вмеша во протестите и почна таму од пиедесталот што природно му беше отстапен, да чита текстови напишани во уќуматот, дури и пред камерите (на Сител, се разбира). Се слуша дека добил добро место во МЕПСО…

Па и во Кочани, меѓу оние кои го срушија бојкотот на гласањето имаше и такви чии деца беа жртви на пожарот и немарноста на „системот што комплетно падна“, како што оцени првата вечер по настанот пред диско клубот државниот јавен обвинител и во една проста реченица го опиша она што беше во изгорените остатоци зад неговиот грб.

Каков притисок е вршен таму!

Го пуштија нелегално од домашен притвор еден од обвинетите, екс-градоначалникот Ратко Димитровски, веројатно за да лобира за неговата власт, а премиерот слушаме отишол во овој град завеан во црно непосредно пред настапувањето на Митровденската Задушница, да ја „зацврсти“ победата, таа да мине макар со минимална „аритметика“.

Каква само бесрамност.

На социјалните мрежи имаше бројни споредби на овој тип на избори, низ кочанскиот пример, како и забелешки од кои потомците на узурпаторите на градот веројатно ќе се засрамат некогаш, но нивните татковци се класични прагматори. Што се тоа 64 жртви, што се тоа 200 тешко повредени млади луѓе, некои и тешки инвалиди засекогаш.

Ако ги погледнеме процентите на излезност и изборните резултати, ќе видиме дека во Кочани повеќе од половина луѓе протестираат, а останатите гласаат. Од градот на црнилото, овој град се претвори и во слика на едно корумпирано општество.

Дали тој пример не е и најдобра илустрација на изборите наспроти на она што беше и веројатно ќе не чека следните години? Период кога „смисолот“ на власта за тоа што е демократија уште повеќе, до крајни граници, ќе доаѓа до израз.

Нормално беше во дискусиите пред камерите после затворањето на биралиштата да се коментира и за заострувањето на меѓунационалните односи во земјава. И таа тема се затскри – сите што лежат под сенката на победата на власта – ја одбегнуваа (хм, дури и испитувачите на јавното мислење).

Брилијантни беа коментарите на професор Александар Спасов, кој ја отвори таа тема и укажа дека токму тие теми кои предизвикуваат нетрпеливост меѓу најголемите национални заедници водеа и допрва може да водат кон опасни води. Гласањето во Кичево беше едно од таквите и победата на тамошниот кандидат Александар Јовановски многу од гласачите ја прославија како да се работи за „ослободување на Ерусалим“ – така беше илустрирана мисловната матрица која ги поведе гласачите во Кичево. Навидум договорените и постојни коалиции ептен се разлабавија и јасно е дека некаде и не додржаа. А тоа е правило онаму каде тие коалиции се базираат на националистички програми.

Баластот на таквите видувања од кои зависи иднината на земјата не беа релевантни до пред самите избори, а тогаш беше и доцна да се спречи познатата инерција на национализмот.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

колумна Љубомир Костовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.