Процесот на гласање е таен, а тајноста на гласањето е неприкосновена и заштитена со закон.Еден од честите изборни нерегуларности е неможноста избирачот да гласа. Најчесто тоа се случува затоа што ги нема во Избирачкиот список или поголем проблем овој пат може да биде техничката опрема за идентификација на гласачите.
Ако од било кои причини ако избирачот не може да го оствари своето право на глас, Избирачкиот одбор, на барање на избирачот, треба да пополни образец во два примероци во кој ќе ги наведе и образложи причините, и еден примерок треба да му даде на избирачот. Избирачкиот одбор треба да го упати гласачот во Општинската изборна комисија.
Секој гласач има право да поднесе до Општинската изборна комисија: приговор за заштита на личното избирачко право во постапка на спроведување на гласањето,
Сите граѓанки и граѓани се повикани да пријавуваат нерегуларности на веб страницата Слободни избори во порака на Фејсбук страницата на организацијата или на телефоните 02/520 91 76 или 071 712 799, како и на мејлот monitoring.civil@gmail.com. Линк