Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Излез од ќорсокакот во кој мицкоски ја залута државава на патот кон ЕУ е само референдум

0
By Zoran Ivanov on September 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најреален излез од блокадата е распишување на задолжителен референдум на кој граѓаните би се изјасниле со тајно гласање дали се за усвојување на уставните амандмани како претпоставка за продолжување на преговорите за влез во ЕУ или се за ултиматумот на Владата да не се продолжат преговорите под сегашните услови кои Владата ги смета како ултимативни.

Тито Беличанец

Премиерот Христијан Мицкоски е дециден – додека е тој на чело на македонската Влада нема да прифати ултиматуми за нашата држава да стане дел од европското семејство.

Неговата порака до луѓето во Брисел е јасна: „Ако навистина сакате да бидеме дел од европското семејство тогаш има начин. Ако има желба, има и начин. Повеќе ултиматуми немаме намера да прифатиме, барем јас додека ја водам македонската Влада. Ултиматуми нема да прифаќам, ниту има цена што може да ме убеди да прифатам ултиматум…”

Иако зборот на Мицковски знаеме колку вреди, со колнењето дека нема да го изговори зборот “северна”, сепак јас сериозно го сфаќам неговиот ултаматум кон ЕУ бидејќи го озваничи на последната средба во Брисел.

Јасно е дека Мицковски нема мандат и сила со 25-30% од граѓаните од кои доби мандат да состави коалициона Влада да го блокира породолжетокот за влез на земјата во ЕУ.

Има два основни излези од политичкиот ќорсокак во кој Мицковски ја заглави земјата на патот кон ЕУ.

Според првиот, коалиционите партнери во сегашната Влада кога ќе се убедат во наредните месеци дека Мицковски сериозно го блокира породолжетокот за влезот на земјата во ЕУ можат да истапат од коалицијата и со партиите од опозицијата да формираат Влада. Но со тоа не се овозможува усвојувањето на уставните амандмани бидејќи ќе нема двотретонско мнозинство при изјаснувањето за усвојувањето на уставните амандмани. Се разбира во тој случај можно е формирање на нова влада без ВМРО ДПМНЕ и распишување на нови парламентарни избори. Но тоа е сложен и подолгорочен процес со бројни непознаници и неизвесен временски.

Според вториот, најреален излез од блокадата е распишување на задолжителен референдум на кој граѓаните би се изјасниле со тајно гласање дали се за усвојување на уставните амандмани како претпоставка за продолжување на преговорите за влез во ЕУ или се за ултиматумот на Владата да не се продолжат преговорите под сегашните услови кои Владата ги смета како ултимативни.

Се разбира прашањето би можело да биде и поедноставно но содржински покомплексно.

Дали сте за продолжување на преговорите за влез во ЕУ според усвоената преговарачка рамка или сте за нова преговарачка рамка за влез во ЕУ.

Демократски е граѓаните да се изјаснат за алтернативите.

Познато е дека преку 60% од вкупниот број на граѓаните се за влез на земјата во ЕУ.

На потег е демокрстската јавност во земјата.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.