Тито Беличанец
Земја со најголеми интелектуални потенцијали. Но на власт дојде екстремната десница која води политика на апархејд и геноцид кон палестинскиот народ.
Има две можности:
Првата, да ги збрише од земјата Иран, Либија, Ирак и Сирија, имајќи го во предвид нејзиниот воен потецијал вклучувајќи и атомско оружје, што е невозможно бидејќи ќе ја предизвика трета светска војна во која и Изреил ќе биде една од жртвите; или
Втората, конечно да прифати политика на добрососедски односи со арапските земји и Иран и постепено да почне да ги разрешува сите конфликтни состојби со соседите а пред се со Палестинската држава, во услови кога има најсилна преговарачка позиција; или
Како што динамично се развива модерното оружје, кое не зависи од бројот на воените оружја и на истренирани и опремени со оружје војници туку од достапноста на разорни минијатирни оружја, клучувсјќи и атомско оружје против кои се развиваат заштитни системи, но не секогаш ефикасни.
При тоа да се има во предвид географската положба на Израел, опколен со арапски држави и Иран, многу блиску до нејзините граници, кои веќе развиваат најмодерни оружја меѓу кои и атомското оружје.
Израел е на историски потег. Да биде земја која ќе биде центарот на развојот на блискиот исток или која ќе самоуништува?
Од Фејзбук ѕидот на авторот