Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај од Првиот круг на Рајот: Шлапкање во млаката кал на смртта

0
By Marta Pesevska on April 7, 2024 ВЕСТИ
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Направете неколку фамилијарни фотки. Сликајте се пред зградата. И пред некој амблематски објект во градот. Пред Триумфекалната капија. Или пред Коњот со воин. Удрете едно кадро на терасата на омиленото кафе. Со своето друштво. Со љубениот или со љубената. Со својата професорка од гимназија. Со некоја градска легенда… Тричковски е идеален за таква легитимација, но ако има испиено повеќе од две пива, многу му светат очите. Сликајте се на Кејот. На некој мост. На Партизанска или на Рекорд. Оставете сведоштва за престојот во Првиот круг на Рајот. Оти Македонија е тоа. Она другото, што по миењето на мозокот со вениш, во пералните на ману, вмро, тв и фб, мислите дека е сега, допрва доаѓа. Вие се движите кон стварноста што ја мразите. Ќе познаете дека сте ја достигнале кога со носталгија ќе ги гледате и покажувате сликите што ви предложив да ги направите „од лажното општо место на заедничкото шлапкање во млаката кал на смртта (Великиќ)”.

Мислам дека оваа освежена сугестија има сто пати поголема тежина, оправданост и ургентност денеска отколку пред една година кога за прв пат ја објавив на мојот фб профил.

Затоа што една од опциите на претстојните избори е евтаназија на македонскиот национален и државен проект.

Да, да, дами и господа: доброволната и весела смрт!

Кога еден колектив инсистира на апсорпција на целото општество во себе, неминовно настапува разорување на општеството во тоталитаризам.

Оваа смртоносна интенција, за која пишува Емилија Целакоска, е дефиниција на мисијата на вмро-дпмне. И на личности и структури кои сонуваат за некаква македонска Македонија во која Македонците ќе бидат газди, а сите други „рамноправни граѓани од втор или трет ред“.

И кандидати за стрелање.

Јас сум употребувал други метафори.

Се сеќавам дека комитлакот сум го опишувал како тесто кое се стреми да ја исполни сета тава, да ги пополни сите дупчиња и да го истисне сиот воздух.

Да нѐ задуши!

Тоа и такво единство, е друго име за смртта. Животот е во диференцијацијата (Целакоска).

Тоа значи дека на изборите граѓаните нема да бираат меѓу интеграцијата и изолацијата, како што благо и, во суштина, лажно, се прикажува во бројни дебати борбата меѓу злото и нормалноста, туку меѓу животот и смртта.

Знам дека звучи застрашувачки, но не можеме да си дозволиме да бидеме фини во најдраматичните моменти само затоа што нѐ учеле дека не е убаво да ги плашиме децата!

Хахаха!

Изборите во кои смртта се натпреварува со животот се гротескна претстава, некаква црна трагикомедија, но не се политички избори.

Тој стремеж кон колективната страст, која според Русо и Вејл треба да ја нема и од која треба да бегаме, се форматира и обликува во вистинско лудило.

Под диригентската палка на ману, уким, вмро и мпц, добар дел од Македонците се собираат во Хор на лудаци кои ја пеат химната на својата смрт.

Така пишував минатата година, а сега на моменти ми се чини дека страста се згуснува и еруптира, а на моменти дека се оладува како вулканската магма на Исланд.

Затоа што расте свеста дека злото кон кое закономерно води колективната присила ќе заврши трагично за Македонците дури и кога би била резултат на добри намери.

А кај нас не е.

Најмалку кај оние што ги обликуваат политиките на вмро.

Мицко, Коцарев, Елеуса, Венко, Кикифрики, Биљанчето и нејзините другарки од Женскиот оркестар, немаат добри намери.

Тие не грешат.

Тие се грешка.

Надежта, се разбира, останува, но надежта е само недоверба на битието во однос на точните предвидувања на духот. Таа сугерира дека секој заклучок кој е неповолен по битието, мора да биде грешка на неговиот дух (Пол Валери). Фактите, меѓутоа, се јасни и немилосрдни: Лулањето на бродот е толку силно што на крајот и најдобро обесените лустери и чаши за шампанско, можат да се превртат.

Човековиот живот станува живот на масата. Индивидуализмот се губи, индивидуата се прилагодува на типот што го наметнува пропагандата, телевизиите, социјалните мрежи, нивелирањето на секојдневните стварности. Чувствувајќи се загубен, човекот бара одново да го најде чувството на своето достоинство „во нас“, вклопувајќи се во некоја колосална сила. Постојат и оние кои се покоруваат, кои го жртвуваат својот живот, кои со фанатизам на некоја конфузна вера му служат на еден водач или на една партија. Тие прифаќаат да живеат во атмосфера на лаги и дури се спремни по налог да извршат какво било злосторство. Денеска имаме чувство дека во човекот се согледува хаос, гледаме како нагонот се разгорува без пречки. Нешто што само наизглед било скротено, ја кине тенката кора што ја затекнала или изградила Македонија во текот на историјата. Модерната психологија, откривајќи го оваа подземје, го фаќа неговиот пеколен карактер.

Вака пишувал Карл Јасперс во 1948 година.

Мои се само вметнувањата на Македонија таму кај што Јасперс зборува за судбината на цивилизацијата.

Денеска светот е поле на културен натпревар за апликација на неговите стравувања, додека Македонците и тука се на дното на листата, бидејќи се последни кои се обидуваат да се претстават како националистички будали кои ќе ја разорат сопствената држава.

Во режимот на актуелниот дискурс оваа може да се протолкува како став во прилог на една од понудите на овие избори. Немам ништо против така да се разбере, затоа што друга опција, за жал, за нас нема. Но, битно е да се сфати дека ова се натпартиски видувања, дека смртоносните тенденции во случај на победа на вмро нема да зависат од волјата на партиските органи, лидери и раководства. Туку ќе се реализираат како историска закономерност и на некој начин – правда.

Македонија има многу сериозни проблеми: корупција, непотизам, лошо образование, лошо правосудство, но се се тоа проблеми што можеме да ги решаваме со критики или смени на власта, со социјални и културни притисоци и иницијативи, но имаме еден надпроблем, кој е креатор и инкубатор на сиве овие проблеми затоа што преку нив го разорува општеството нацијата и државата како реализација на својата историска мисија.

Неговото име е вмро.

Македонецот кој мисли дека вмро ќе го однесе во Европа е поголема будала од Македонецот кој мисли дека Европа не му ни треба. Тој е како риба која мисли дека во фритезата ќе плива подобро отколку во езерото, ако зејтинот е од македонско потекло. Како гостин на корабите во Вардар тој ужива како да е на палубата на Карибиен си квин. И мисли дека смрдеата е од говната на ајкулите.

Но, ако се тие изборот на Македонците, јас ќе организирам весела, не таговна, разделба во “Корзо”:

Адио, Македонијо!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.