Книн: Како што соопшти полицијата, експлозијата се случила на забава на која присуствувале млади луѓе. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник. 21-годишната девојка е пренесена во болница во Сплит и се бори за живот.
Експлодирала рачна граната М-75.
На социјалните мрежи се појави скриншот од објава на едно од лицата кои наводно биле присутни на забавата во моментот на експлозијата. На фотографијата се гледа маса на која има алкохолни пијалоци и рачна граната, со опис: „Селото ќе вечера во темница“.