Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанев за ѓубрето што Општина Чаир го истури пред Град Скопје: Ќе биде процесуирано секое незаконско дејство во надлежност на полицијата

0
By Marija Todorovska on May 30, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полициските службеници постапуваат согласно законот. Ќе биде процесуирано секое незаконско дејство кое е во делокруг и надлежност на полицијата, рече денеска директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со завчерашниот случај, кога градоначалникот на Чаир со луѓе од Општината истури ѓубре пред Градот Скопје.

Во врска со наводите за дивоградби во Чаир, Јанев истакна дека се проверуваат сите наводи, за секаде.

Директорот на БЈБ порача и дека иако прстот се вперува само во полицијата за многу случаи, таа не е секогаш единствено надлежна за да превенира некои појави, да ги детектира или да преземе акција.

Знаете дека веќе во одреден град во источна Македонија се презмеаат активности од страна на локалните власти со рушење дивоградби. Ние како полиција интензивно работиме, има статистика и таа статистика за дивоградбите може да биде и јавно достапна. Секоја организациска единица во рамки на МВР и во минатото и сега има соодветни поднесоци за дивоградби. Дали е доволно, останува перцепцијата на јавноста да каже. Верувајте дека работиме, но не е само полицијата единствен орган во државата што треба да се грижи за јавната безбедност. Има и други институции, други инспекторати кои треба да си ја вршат својата работа, сите ние сме заедно, потенцира Јанев.

Nuk do të doja të hyj në detaje, as të ndikoj në procedurën. E di që ka një çështje në Komisionin Shtetëror për Parandalimin e Korrupsionit, po punohet mbi të dhe ua lë shërbimeve ta përfundo

Прашан за криминалните дејства кои често доаѓаат како нарачка од затворите, одговори дека може да се спречат само ако тамошните службени лица, согласно должноста, постапуваат според правилата, процедурите и прописите. Државата, порача Јанев, не смее да шурува со криминалци.

Овие дејства ќе ги спречиме само ако имаме чесен, искрен пристап и со девизата дека никому ништо не должиме. Како што не треба да се случуваат на терен негативни појави, така и колегите од затворската полиција треба јасно и гласно да знаат дека со одредени недејства придонесуваат да се имплицираат многу дејства надвор, на улиците. Ако немаме корупција, никој од затворите нема да може да раководи. Ако и таму владеат законите како што ние се трудиме да владеат на улиците, тогаш проблемот не може да се префрли од затворот на терен, притоа затворениците да имаат добро алиби за дејствата што се случуваат на терен. Ако имате идеи, желба и ако сте упорни, никој не  може да остане имун пред законот, истакна директорот.

Додаде и дека успех може да има ако полицијата работи заеднички со Обвинителството.

Еден доказ да биде обезбеден против високо профилирани криминални групи е многу тешко, бара многу време, ресурси и енергија, потенцира Јанев и повтори дека полицијата е еден сегмент од одржувањето на јавната безбедност. Сите останати чинители во државата исто така имаат одговорност да ги почитуваат законите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени…

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.