Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовановиќ: На Владава ѝ е поважен крупниот капитал од луѓето – нема основни познавања од областа на економијата и даночењето

0
By Marija Todorovska on September 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Намалување на данокот од 10 на 5 проценти најави министерот за економија Бесар Дурмиши за сите компании кои остваруваат профит од над 50 милиони евра годишно како едно од ветувањата на новата влада. Оваа мерка пред извесен период ја потенцираше и премиерот Христијан Мицкоски кој за разлика од Дурмиши тврдеше дека идејата е со намалување на данокот на добивка, во земјава да дојдат големи светски мултинационални компании кои би се преселиле во Македонија привлечени од ниските давачки и да се зголеми бројот на вработени.

Дестан Јонузи

„Најавата за намалување на данокот на добивка на 5% за фирми со добивка поголема од 50 милиони евра покажува две работи. Прво, дека на владава ѝ е поважен крупниот капитал од луѓето. Второ, дека владава нема основни познавања од областа на економијата и даночењето“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Бранимир Јовановиќ – економски експерт и аналитичар, по најавите дека Владата ќе ги намали даноците за фирмите кои заработуваат над 50 милиони евра годишно. Според него, данокот ќе се намали од 10% на 5%.

– Околу првото, владата има намера да се откаже од 20-ина милиони евра од буџетот, за да им ги даде тие пари на петте најпрофитабилни компании во државата, кои веќе имаат добивки од преку 250 милиони евра. Наместо да зголеми плати на наставниците, или да реновира некоја болница, или да им помогне некако на сиромашните, или да ги подржи малите фирми, владата сака да ги почести петте најголеми компании во државата. Но иронијата е што тие пари нема ни да завршат кај компаниите, затоа што од почетокот на оваа година на сила е глобалниот минимален данок, кој го прифатија 140 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија, изјави професорот Јовановиќ.

Според овој договор, додава нашиот соговорник, ниедна мултинационална компанија не смее да плаќа ефективен данок на добивка кој е помал од 15%, и ако некоја компанија плаќа понизок данок во некоја земја каде што работи, некоја друга земја каде што компанијата работи ќе има право да ја наплати разликата до 15%.

– Ако Македонија ја намали стапката на данок на добивка на 5%, фајде од тоа ќе видат само Германија, Франција, Англија, или некоја друга земја, кои ќе им ја наплатат на компаниите разликата од 10%. Трагично е што владава не е свесна за ова. Друга последица до која може да дојде ако владата остане на својата намера е Македонија да се најде на црната листа на ОЕЦД и ЕУ, како земја која не соработува на даночни прашања. Тоа би имало катастрофални последици за репутацијата на земјата, затоа што Македонија и официјално ќе биде прогласена за офшор даночна дестинација. Поради сето ова, мислам дека владата просто мора да се откаже од оваа најава, затоа што не може да постигне апсолутно ништо – ниту ќе им даде пари на компаниите, ниту ќе привлече нови, само сериозно ќе го наруши угледот на земјата, анализира професорот Јовановиќ.

Пратеникот на опозицискиот Европски фронт, Елми Азири смета дека во демократските земји даночниот систем работи по принципот кој заработува повеќе плаќа повеќе, додека кај нас се предлага спротивното, кој заработува повеќе да плаќа помалку.

– Тоа е спротивно и на принципот на праведност и еднаквост на даночниот систем кој вели дека секој треба да плаќа (даноци) врз основа на својата финансиска моќ! Не ја разбирам „даночната регресивност“ на овој предлог! Или можеби ги отплаќаат своите обврски кон некого! – изјави Азири.

Намалување на данокот од 10 на 5 проценти најави министерот за економија Бесар Дурмиши за сите компании кои остваруваат профит од над 50 милиони евра годишно како едно од ветувањата на новата влада. Оваа мерка пред извесен период ја потенцираше и премиерот Христијан Мицкоски кој за разлика од Дурмиши тврдеше дека идејата е со намалување на данокот на добивка, во земјава да дојдат големи светски мултинационални компании кои би се преселиле во Македонија привлечени од ниските давачки и да се зголеми бројот на вработени.

– Една од мерките кои ги најавивме како Влада е намалување на данокот на добивка од 10% на 5% за сите компании кои остваруваат добивка од над 50 милиони евра годишно. На тој начин ќе се помогне на бизнисот и ќе се обезбедат повеќе пари во економијата, изјави Дурмиши.

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со намалувањето ќе почнат да влегуваат повеќе пари по таа основа во буџетот.

– Прв чекор кон намалување на даноците ќе биде оној данок на добивка којшто се плаќа сега. Сите мултинационални компании коишто планираат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас и таа добивка изнесува над 50 милиони евра, ќе добијат, би рекол, субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5 проценти. Ако сега е фиксно до 10 проценти, во овој случај ќе биде до 5 проценти. Затоа ги повикувам сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да ги повикаат во Македонија и веднаш откако ова ќе биде изгласано да може да го консолидираат бизнисот тука, изјави Мицкоски.

Во 2023 година пет компании имале добивка од 50 милиони евра. Тие се производител на катализатори „Џонсон Мети“ на индустриската зона Бунарџик, трите најголеми банки во земјава – Комерцијална, Стопанска и НЛБ-Тутунска, како и Јавното претпријатие за државни патишта.

Текстот е во сопственост на Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

ВЕСТИ October 16, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека неговиот разговор со…

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.