Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела, велат од Кабинетот на претседателката, Гордана Силјановска Давкова.
Оттаму наведуваат дека Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, а во согласност со Уставот, а како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.