НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде нè води немоќниот премиер Мицкоски?

0
By Marija Todorovska on September 7, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И сега , по неуспешното фрлање на песок во очи на јавноста со закани за дестабилизации и поткупи, пред се на оној дел кој му ги даде своите гласови, привлечен со розевите ветувања дека ќе го врати името, а со тоа и гордоста, дојде часот да се соопшти вистината, а тоа е дека уставното име на државата е Република Северна Македонија, и како такво ќе мора да се употребува erga omnes.

Драган Мишев

Јас сум човек кој Уставот и законите ги почитува и не очекувам било кој што добива плата, ужива привилегии на грбот на граѓаните овде кај нас, да не ги почитува македонските закони и македонскиот Устав, изјави пред некој ден премиерот Христијан Мицкоски.

Дека треба да се почитува Уставот на државата, Мицкоски се сети дури откако стана премиер, признавајќи дека додека бил во опозиција, свесно го кршел уставот.

– Можеби мене ми претставува проблем нешто кое што е направено изминатиот период со Уставот и колку и да не се согласувам интимно и сум против тоа како што е користење Северна, пред нашето име, кое е дел од нашиот Устав, јас додека ја вршам оваа функција ќе стојам пред тој знак, затоа што не сакам на тој начин да го навредам македонскиот Устав и македонските закони. Некогаш реалноста може да не ви се допаѓа, но вие морате да ја прифатите таа реалност, ако навистина се борите за владеење на правото, нагласи „освестениот“ Мицкоски на прес – конференција.

Предходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како пратеник  и мандатар го користеше старото име на земјата во своите обраќања порачувајќи дека тоа е негово основно човеково право. Уставното име ќе се почитува само во формалната документирана форма, изјавуваше тогаш Мицкоски..

За мене мојата татковина е Македонија и ќе остане Македонија. Целокупната документација ќе биде почитувана, се додека тие закони и устав се во сила… Не може да сте лицемерни, а да кажувате работи кои не се вистинити. Во моите изјави ова ќе биде името – тоа е Макеоднија“, порача Мицкоски.

Какво омекнување на цврстиот став  на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој во гостувањето на ТВ 21 пред 5 години изјавуваше дека ако во иднина биде премиер, ќе го употребува името Македонија, и по цена да му го одземат мандатот.

Јас ви давам одговор, никогаш нема на митинг, на состанок, да го употребам името со новата придавка. Грев ли е да викам Македонија? Нека ми го земат мандатот. Кажувам отворено, никогаш нема да ја кажам придавката на новото име. Никогаш, нека ми го земат и мандатот, рече тогаш Мицкоски.

Никогаш не вели никогаш!

Заклетвата како нов премиер ја даде со уставното име на државата кое е содржано во новиот собраниски деловник.

Нешто подоцна,  на НАТО самитот во Вашингтон, додека во сите објави на социјалната мрежа Х го користеше старото име на држават, Христијан Мицкоски, на официјалните состаноци со сите лидери на НАТО го користел уставното име на државата.  Тој јавно во Вашингтон официјалното име на државата го кажа неколку пати и на дебата во Школата на меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Во меѓувреме, со срцепарателно обраќање ќе каже дека го боли и го пече употребата на придавката, ама, ете морал, и им остави на министрите од владата да го пробијат мразот и во обраќањата во јавноста да го користат уставното име на државата. Министерката Јаневска дури и се извини за некористењето, па се поправи.

Ваквото ретерирање на ставовите не е прв пат и не е несвоствено за Мицкоски. Од позиција на опозиција многу често се служеше со популистички методи и ветуваше се и сешто.  Едно време, кога се умисли дека е Тито, па реши на ЕУ да и каже не за таканаречениот француски предлог, дури и облече маица со испечатено НЕ. Всушност, Мицковото не било по грчки ДА. Ако не го разбра тоа предходно ( или глумеше), ќе го сфати како премиер кога ќе добие „по прсти“ дека предлогот на ЕУ, не се репреговара.

Во меѓувреме се откажа Мицкоски и од старата  иконографија, па на вчудоневидување на присутните граѓани и симпатизери на прославата на Илинден во Крушево, делеше исклучиво државни знамиња, целосно игнорирајќи го сонцето од Вергина, како дотогаш неизбежен националистички декор на партиските собири.

И сега , по неуспешното фрлање на песок во очи на јавноста со закани за дестабилизации и поткупи,  пред се на оној дел кој му ги даде своите гласови, привлечен со розевите ветувања дека ќе го врати името, а со тоа и гордоста, дојде часот да се соопшти вистината, а тоа е дека уставното име на државата е Република Северна Македонија, и како такво ќе мора да се употребува erga omnes.. Епа ќе боли и ќе пече. Што си мислеше кога ветуваше?

Всушност, Мицкоски веќе го призна поразот, и тоа пред самото гласање за  негов избор како премиер. Во овој момент сум немоќен, ќе изјави Мицкоски од  собраниската говорница, ќе морам да ја кажам таа срамна придавка .

Но ова не е само негов пораз. Немоќен премиер може да води само немоќна држава. По еднонасочниот пат кон пропаста.

Текстот е во сопственост на Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.